10 урнебесни љубовни кавги кои ќе ве насмеат до солзи
Заедничкиот живот честопати предизвикува кавги во врска со некои мали и навидум неважни работи. Овие храбри жени одлучиле да ги споделат своите приказни во врска со најсмешните љубовни кавги кои ги имале со својот партнер. Некои завршиле на мирен начин, а некои со разделба.
1. Имавме огромна кавга во врска со играта Монопол
Мојот сопруг ме обвини дека сум ги украла парите од банката и неколку хотели, а јас немав ниту еден хотел на своите полиња!
2. За најголемата кавга во нашите заеднички 15 години, виновен е ананасот
Јас сметам дека на ананасот прво му се отсекува врвот и дното, а потоа со нож се отстранува кората, па се сече на ленти. Но, тој до ден-денес се колне дека ананасот се сече вака: Со нож се отстранува врвот, потоа ананасот се свртува на страна и се сече на ленти заедно со кората. Така се служи и секој сам ја отстранува кората. Цела вечер не зборувавме поради ова, а денес купувам исечен ананас во конзерва.
3. Речиси раскинавме кога отидов по него на неговата ергенска вечер
Седнав во неговиот автомобил и сакав да користам ГПС во текот на возењето, затоа што беше премногу пијан, но тој тоа го сфати како да немам доверба во него. Сѐ се претвори во голема кавга на која тој наредното утро не се ни сеќаваше.
4. Најголемата кавга ја имавме околу мојот сад за печење колачи
Тоа беше мојот најдобар сад, а тој го гребеше со нож! Ноќта ја помина во другата соба.
5. Страшно се скаравме поради едно парче тост
Сѐ заврши така што тој го зеде својот стар тежок телевизор и на раце го однесе назад кај својата мајка.
6. Поминавме половина час карајќи се околу тоа дали некогаш сме имале морско прасе (а имавме!)
Сопругот тоа го прифати дури кога му предложив да отиде во градината и да ги откопа неговите коски, за да му докажам дека сум во право.
7. Се скаравме во врска со преместувањето на креветот
Тој рече дека сме го поместиле за 180 степени, но јас реков за 90 и дека мораме да продолжиме понатаму. Следуваше голема кавга и викање. Кога му објаснив дека гледам траги на местото каде што претходно стоеше и му покажав дека сум во право, тој се налути и излезе од собата. Сега имаме деца и премногу сме уморни за да се караме околу што било.
8. Имавме спектакуларна кавга пред Божиќ
Се каравме поради бадеми и кавгата кулминираше кога мојот сопруг фрли леб накај вратата, а тој се одби и ме погоди во главата. Јас му возвратив со закана за развод.
9. Еднаш не разговаравме 7 дена поради пилешко месо
Кога го исеков пилешкото месо за вечера, ме обвини дека за себе сум ги задржала градите, а дека на него му го дадов остатокот. Бев премногу лута поради тоа.
10. Се скаравме поради шише зачин
Тој секогаш ги бара најевтините опции и затоа на лист хартија му запишав каков вид сакам да биде мелениот пипер, затоа што единствено тој производител има шишиња кои се вклопуваат во нашата сталажа за зачини. Се разбира дека се врати дома со евтин пипер. Сѐ уште се лутам кога ќе се сетам на тоа, а тој и понатаму мисли дека бил во право.