10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници
Изгубеното девојче
Млада девојка пронашла мало девојче на улица кое плачело затоа што ги изгубило своите родители. За среќа, ја знаело адресата каде што живеело и девојката можела да ја однесе до дома. Кога стигнале, девојчето ја замолила девојката да го притисне ѕвончето бидејќи таа не можела да го докачи, и кога оваа го направила тоа без размислување, веднаш почувствувала електричен шок. По неколку часа се разбудила во куќата. Била сосема гола, а околу неа имало употребени кондоми. Силувачите веќе не биле тука, а ниту малото девојче.
Бабата чувар
Млада девојка се враќала од трговскиот центар доцна навечер кога на паркингот покрај својот автомобил забележала една баба. Таа ѝ рекла на девојката дека прозорецот од автомобилот ѝ е скршен и дека таа стоела тука за да го чува од крадци. Девојката ѝ поверувала и ѝ понудила да ја одвезе до дома во знак на благодарност. Но додека стоеле пред автомобилот и разговарале, девојката забележала дека бабата има премногу влакнести раце, кои повеќе личат на машки. Реагирала брзо и истрчала пред друга кола во движење барајќи помош. „Бабата“ веднаш побегнала без трага. Подоцна полицијата пронашла сокриени нож и јаже на задното седиште.
Вампирите што јадат мрсно
Во Перу постои легенда дека вампири кои јадат мрсно ги напаѓаат патниците во ноќта и наместо со крвта тие се хранат со нивната маст. Во оваа држава била фатена банда од шеесетина членови која киднапирала патници, ги носела во една куќа и таму ги „преработувала“ во маст. Сепак, многумина се сомневаат во тоа дека правдата е веќе задоволена ако се има предвид дека многу од убиствата не се докажани, а не постои ниту црн пазар на маст. Локалното население верува дека тоа се всушност вампирите од нивниот фолклор кои убиваат луѓе и се хранат со нивната маст.
Бебешки плач
Жена која доцна навечер поминувала време на интернет одеднаш слушнала бебешки плач кој доаѓал од нејзиниот праг. Низ клучалката не се гледало ништо, па решила да повика полиција. Оттаму изречно ѝ рекле во никој случај да не ја отвора вратата затоа што не е првиот случај во градот во кој што некој користи снимен плач за некој да отвори, а натрапниците непречено да влезат дома.
Врисокот кој никој не го слушна
На универзитетот УКЛА постои една традиција според која што студентите викаат, пиштат, врескаат на полноќ во неделата на последните испити со цел да се ослободат од стресот. Сите студенти на кои им дошло до врескање го сториле тоа токму на полноќ и таа година. Кога ритуалот завршил, сите отишле в кревет или продолжиле да учат. Само една девојка не сторила ништо од тоа. Нејзиниот крик, всушност, не бил поради стресот од учењето. Силувачот толку прецизно го испланирал својот напад, така што никој не можел да се посомнева дека таа вика од болка. На УКЛА веќе не се практикува овој ритуал.
Може да ми го кажете изворот од каде ги најдовте овие легенди?
Не, но легендите се исцрпени од изворот, нема повеќе.