10 убави, но потценети градови во Европа

10 убави, но потценети градови во Европа

Ретки се оние кои не сакаат да шетаат и да го видат светот. А кога останатиот дел кој сака конечно ќе се одлучи да оди, најчеста дестинација се добро познатите светски метрополи како Париз, Рим, Барселона и многу други. Сепак, светот крие многу места кои можеби не се толку познати, но вреди да се посетат и видат. Па доколку се одлучите да ги спакувате куферите и да фатите пат под нозе, следниве неколку дестинации дефинитивно треба да се најдат на вашиот список.

1. Бијариц, Франција

Лоциран во Бискејскиот Залив, Бијариц е доста популарен кога станува збор за сурферите. Во овој град, секоја година се одржува познатиот Сурферски фестивал кој привлекува сурфери и туристи од целиот свет.

1-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

2. Порто, Португалија

Град со долга традиција и историја во областа на музиката, уметноста и спортот, домаќин на фудбалскиот клуб Порто и познат по многуте фестивали кои се одржуваат во него (на пр. Свети Џон на крајот на јуни). Единствено доколку го посетите ќе сфатите зошто токму овој град бил главен културолошки центар на Европа во 2001 година.

2-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

3. Ферара, Италија

Опколен со антички ѕидини долги повеќе од 9 километри, овој град може да се пофали со преубави палати кои датираат уште од 14-тиот и 15-тиот век, неверојатни катедрали и фантастични улици кои ќе ве маѓепсаат. Како дом на познати писатели, артисти и музичари, дефинитивно треба да се најде на вашата листа.

3-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

4. Бруж, Белгија

Кога станува збор за Белгија, убавината на овој град е засенета од онаа на Антверп и Брисел. Но, по излегувањето на филмот „Во Бруж“ во 2008 година, овој град е сè почеста дестинација овие денови. Тоа воопшто не е зачудувачки кога ќе се земат предвид средновековната архитектура и многубројните канали низ градот поради кој го нарекуваат Венеција на северот.

4-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

5. Хајделберг, Германија

Овој живописен град е лоциран во долината на Олденвалдските Планини и на брегот на реката Некар. Негова најголема знаменитост е замокот Хајделберг, а е познат и по убавиот стар град, универзитетот и историските цркви низ него.

5-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

6. Инсбрук, Австрија

Со сигурност, овој град треба да се најде на вашиот список за шетање низ Европа и тоа меѓу првите неколку. Уникатен по тоа што два пати бил домаќин на Зимските олимписки игри, Инсбрук привлекува со многуте патеки за зимски и летни спортови, како скијање, планинарење и планински велосипедизам.

6-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

7. Брашов, Романија

Град-мост до едни од најубавите замоци во Романија, Пелеш и замокот на Дракула. Шармантен и тивок, во овој град ќе ве освојат топлината на луѓето кои живеат таму, нивната гостопримливост и љубезност.

7-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

8. Утрехт, Холандија

Иако Амстердам е првиот град кој би помислиле да го посетите во Холандија, доколку прашате некој кој веќе ја посетил оваа држава сигурно ќе ве упати накај Утрехт. Изграден околу канал, Утрехт е претежно студентски град кој е избор на студенти од целиот свет. Покрај ова, градот е со интересен историски карактер, а преубавите улички низ него ќе освојат секого.

8-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

9. Бибари, Англија

Ова мало гратче може да биде одлична викенд дестинација доколку сакате да се одморите, да дишете малку свеж воздух и целосно да се предадете на природата. Шармантно и едноставно, исполнето со зеленило – не би сакале да го пропуштите.

9-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

10. Дрезден, Германија

Руиниран за време на Втората светска војна, градот е изграден од почеток во елегантен барокен стил кој освојува и шармира. Универзитети, музеи, пивски градини и убавина како на слика. Дрезден сигурно ќе ги исполни сите ваши очекувања.

10-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар