10 трикови од нашите баби и дедовци кои сè уште функционираат
Некои трикови се навистина генијални, па се применуваат со генерации. Но, многу од нив се забораваат или се претвораат во „бабини деветини“ во кои никој не верува, па затоа и никој не ги пробува. Во продолжение погледнете некои од најкорисните и најпопуларните трикови кои ги користеле нашите баби и кои навистина функционираат.
1. Розите ќе живеат подолго ако ставите аспирин во водата
Аспиринот го спречува расипувањето на водата и им го продолжува животот на хризантемите, каранфилите, гладиолите и розите. За нарцисите подобро е да додадете малку сол во водата.
2. Користете гумен ластик за да го научите детето да држи пенкало
Ставете ластик на дланката и закачете го пенкалото. Потоа завртете го за 180 степени и тоа ќе стои во правилна положба.
3. Отстранете ги мрсните дамки од облеката со сол
Солта ќе го апсорбира поголемиот дел од маснотиите. Ставете малку сол на дамката, почекајте и истресете ја. Малите дамки веднаш ќе исчезнат, а големите полесно ќе се исперат.
4. Обновете го сувиот лак за нокти со ацетон
Неколку капки ацетон не само што ќе го направат лакот течен туку и ќе му дадат сјај. Само немојте да додавате премногу за да не го разводните.
5. Исчистете ја загорената тава со сол
Многу лесно можете да ги исчистите загорените тави без посебни средства. Едноставно наполнете ја со вода, додајте неколку лажици сол и оставете ја водата да врие од 15 до 20 минути.
Погледнете ги останатите трикови на следната страница…