10 типови токсични луѓе кои ја одземаат вашата енергија
Луѓето често се грижат за храната која ја јадат – дали овошјето и зеленчукот се прскани, дали месото е добро зготвено, дали водата која ја пијат е здрава, дали во воздухот има токсини итн. Притоа се трудат да внесуваат што е можно помалку отрови во своето тело, но што е со токсичните луѓе во нашето опкружување?
Секој познава барем две такви личности. Можеби живеете, работите или се дружите со нив. Токсичните луѓе ја црпат вашата енергија и си играат со вашето ментално здравје. И баш исто како во допир со секој друг отров, така и контактот со овие луѓе би требало да биде сведен на минимум, за да се заштитите. Ова се 10 типови токсични луѓе кои би требало да ги избегнувате.
1. Токсично арогантни
Постои голема разлика помеѓу самодоверба и ароганција. Самодовербата инспирира, додека ароганцијата заплашува. Арогантните луѓе секогаш знаат најдобро и мислат дека се супериорни во однос на останатите. Тие никогаш нема да ја слават вашата самодоверба, бидејќи тоа ја руши нивната ароганција.
2. Токсични жртви
Една од најопасните личности која може да ја имате во вашето опкружување е постојаната жртва. Тие ги согледуваат своите проблеми и грешки, но секогаш другите им се криви за тоа и никогаш нема да ја преземат одговорноста за нивниот живот.
3. Токсични контролори
Оние кои контролираат секогаш знаат сѐ и секогаш го знаат најдобриот начин да се направи нешто. Најчесто, под површината, се многу несигурни, но додека тие се во вашето опкружување, вашата идеја никогаш нема да биде прифатена, ниту ќе можете да направите нешто сами, без нивна „помош“.
4. Токсично завидливи
Тие се љубоморни, никогаш не се среќни со она што го имаат и не се способни да бидат среќни кога нешто убаво ќе ви се случи вам. Тие не знаат да го ценат напредокот на останатите, но и ќе шират лаги за вас на другите луѓе.
5. Токсични лажговци
Сѐ додека има луѓе, ќе има и такви коишто лажат. На хроничните лажговци никогаш нема да знаете кога да им верувате, па затоа не можете да се потпрете на нив. Ќе ви кажуваат лаги за другите, но и ќе ги лажат другите за вас.
6. Токсични негативци
Сигурно познавате некој кој е секогаш бесен, спремен да се откаже, сомничав. Времето кое го поминувате со негативните луѓе само ја црпи енергијата од вас.
7. Токсично алчни
До одредена точка желбите и амбициите може да бидат добри. Но стануваат токсични, кога луѓето сакаат сѐ, и она што е нивно и она што не е. И побитно им е да имаат, отколку да работат и да постојат.
8. Токсични судии
Голема е разликата помеѓу тоа „да донесете суд за некого или нешто“ и да осудувате. Оние кои осудуваат сакаат да критикуваат, а своите судови ги донесуваат избрзано, врз основа на првиот впечаток. Тие не знаат да сослушаат.
9. Токсични озборувачи
Озборувачите сакаат да се издигнат себеси над својата несигурност, на туѓа сметка, не правејќи разлика помеѓу шпекулации и факти.
10. Луѓе со токсичен карактер
Кога на некој му недостига интегритет и искреност, кога изневерува, лажe, манипулира, озборува, кога не дозволува ништо да му застане на патот, ништо нема да го спречи да ве прегази доколку вие му станете пречка.
Доколку познавате вакви луѓе, не чекајте го утрото за да ги отстраните од вашиот живот, но доколку не можете да го сторите тоа целосно, обидете се барем да ги држите на дистанца.