10 типови луѓе што ги среќаваме на Инстаграм
Секогаш кога ни е досадно, прегледуваме што има ново на Инстаграм. Но, дали некогаш сте размислувале што говорат за вас сликите што таму ги објавувате? Во продолжение погледнете кои се најчестите типови луѓе што таму ги среќаваме.
1. „Селфи“ зависник
Овие типови луѓе постојано објавуваат „селфи“ фотографии, каде лицето им е доловено од секој можен агол. Разбираме, изгледате прекрасно и очигледно сте многу самоуверени, но барем потрудете се да не го правите тоа и со други делови од телото.
2. Светски патник
Тука се и типовите на Инстаграм, кои кога и да објават некоја слика, прават да си го замразите животот. Или студираат во странство или пак постојано некаде патуваат – како и да е, во себе потајно ги мразите. Ако станувате премногу љубоморни, подобро е да ги отследите.
3. Ресторанска ѕвезда
Каде и да одат да јадат, редовно објавуваат фотографии од нивните специјалитети во омилените ресторани. Ако сакате да ослабете, тогаш не е баш најпожелно да ги имате во листата на луѓе кои ги следите.
4. Цитати насекаде
Овие типови инстаграмџии почнуваат со објавување на омилениот цитат и потоа не престануваат да ставаат најразлични инспиративни мисли за љубовта и животот. Понекогаш досадни, но сепак корисни.
5. Љубител на колажи
Ова се оние кои обожаваат да прават колажи од неколку фотографии, каде тие самите едвај се гледаат. Не се ни свесни дека другите и немаат баш време да го анализираат секој добро испланиран детаљ од нивната убава композиција.
6. Фалбаџија
Ваквите типови инстаграмџии, претежно девојки, се оние размазените татини мази, што во ниедна прилика не пропуштаат да покажат што сè имаат и колку животот им е позабавен одошто на останатите. Претерано и непотребно.
7. Роденденковец
Овие типови инстаграмџии го користат Инстаграм само кога треба некому да честитаат роденден и мислат дека со тоа направиле којзнае што.
8. Среќно заљубен
Не сите се во врска и оние кои се сингл баш и не сакаат секогаш кога ќе отворат Инстаграм да се потсетуваат на тоа. Секако, повремени слики со партнерот/партнерката не се на одмет, но ваквите инстаграмџии треба да имаат на ум дека не сите се среќно заљубени како нив.
9. Академски граѓанин
Ова се оние досадни инстаграмџии што стасале до факултет и постојано објавуваат слики од дневните факултетски активности за целиот свет да разбере.
10. Диско кралица
Ова се девојки кои постојано излегуваат со друштвото и неизбежно објавуваат слики со другарките и пијачките што се пијат во текот на вечерта. Во ред е, не мора секоја собиранка да биде јавно документирана.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.