10 типови луѓе кои веројатно ќе ве изневерат

10 типови луѓе кои веројатно ќе ве изневерат

Никој на светот не сака да излегува со изневерници, но често не ги забележуваме знаците дека нашите сакан или сакана потајно се мали лажговци кои можат да ни го уништат животот. Тоа што навистина треба да се запрашате е: Дали вашата девојка е русокоса? Дали вашето момче е зависно од Твитер? Дали навистина полни 29 години?

Низ неколку истражувања спроведени на веб-сајтови за изневерници, изгледа науката конечно дошла до одговор за тоа што ги тера луѓето да станат измамници. Изневерници, внимавајте!

1. Луѓе на кои бројот на години им завршува со 9

(0)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Излегувате со момче кое треба да наполни 29 години? Науката вели: почекајте уште година или две! Според последните истражувања луѓето кои треба да наполнат години што завршуваат со „9“ е поверојатно да ги изневерат своите партнери. Зошто? Луѓето кои полнат 29, 39, 49 години имаат тенденција за големи животни промени бидејќи влегуваат во нова декада од својот живот.

2. Високи момци

(7)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Едно истражување кое било спроведено на веб-сајт за запознавање луѓе кои се во брак, вели дека мажите повисоки од 177 сантиметри имаат поголеми шанси да ја изневерат својата партнерка. Изгледа таму „горе“ има само неранимајковци.

3. Рокенрол фанови

(5)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Овие се тие бунтовници за кои ве предупредуваше вашата мајка. Друго истражување открива дека 41% од луѓето кои ги изневеруваат своите партнери преферираат рок музика. Најлојални партнери? Вљубениците во рап.

4. Мажи кои работат во ИТ секторот

(4)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Не дозволувајте да бидете излажани од широките дуксери, хипстерските очила и трпението кога го средуваат вашиот телефон – овие мажи се итри и лажливи сопрузи. Од друга страна пак, според истото истражување учителките се најневерните сопруги.

5. Французи

(9)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Што да очекувате од врска со најдобрите љубовници во светот? Вино, сирење и љубовни афери, вели науката. Според истражувањата за навиките на луѓето во кревет спроведени на светско ниво од компанија за секс-играчки, 75% од Французите признале дека изневеруваат.

6. Зависници од шопинг

(6)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Повеќе од една третина од испитаните жени велат дека трошат повеќе на нивниот изглед откако почнале да ги изневеруваат своите партнери. А дури 27% од нив имаат тајни кредитни картички наменети исклучиво за нивните лични потреби.

7. Професорки

3-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk_

Кои професии најчесто изневеруваат? Според истражувањето, жените кои најчесто изневеруваат се професорки. Некој треба да им одржи лекција на овие дами…

8. Твитерџии

(2)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Шокантно: Социјалните мрежи можат да ѝ наштетат на вашата романтична врска! Иако ова не е изненадување, истражувањата покажуваат дека тие што твитаат најчесто изневеруваат. Колку почесто некој користи Твитер, толку почесто се случува да има тајна љубовна афера.

9. Мажи кои се викаат Вејн

(8)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Лесен предзнак дека тој спие со друга? Неговото име. Истражување направено на 2.000 жени открива дека мажите со име Вејн најмногу изневеруваат. За Лил Вејн, чие вистинско име е Двејн не сме сигурни дали влегува во оваа категорија. Дали буквата Д на почетокот од името менува нешто? Наша препорака? Држете се до македонските мажи.

10. Русокоси жени

(1)-10-tipovi-na-lugje-koi-verojatno-kje-ve-izlazhat-kafepauza.mk

Дали русокосите се забавуваат повеќе? Ако изневерувањето значи убав провод, тогаш секако. Едно истражување открива дека 42% од жените кои изневеруваат се русокоси. Само 11% од бринетите ги изневеруваат своите партнери. Па мажи, добро размислете во кого ќе се заљубите овој пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар