10 настани и изуми што целосно го променија светот

10 настани и изуми што целосно го променија светот

Нашата планета е стара 5,4 милијарди години, а човекот живее на неа само околу 200.000 години. Можеби живееме многу краток период, но човештвото навистина значително ја променило Земјата. Овие изуми и настани се случиле во изминативе 120 години и го направиле светот местото што ни е познато денес.

1. Светилка

(1)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Томас Едисон ја измислил светилката во 1879 година. Ова бил голем пресврт за човештвото и светилката на Едисон ги заменила свеќите. Луѓето конечно излегле од темнината.

2. Авион

(2)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Во 1903 година, браќата Рајт го направиле и првиот авион и летале со него. Во тој период, авионот можел да биде управуван од само една личност. Денес, односно изминатава година со авион летале над 222 милиони луѓе.

3. Моделот Т на Форд

(3)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Хенри Форд ѝ го претставил Форд Т на јавноста во 1908 година. Тогашната цена на автомобилот била околу 900 евра. Минатата година, фабриките за автомобили произвеле 67,53 милиони автомобили докажувајќи дека тие се нешто без што не можеме да живееме.

4. Електрична гитара

(4)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Првата електрична гитара била измислена од страна на Лес Пол во 1940 година. Гитарата го носела името „The Log“ и ја променила музиката засекогаш. Електричен блуз, рокенрол и уште многу други жанрови настанале благодарение на овој инструмент.

5. Атомска бомба

(5)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки во август, 1945 година ставило крај на Втората Светска војна. Оттогаш светот живее во страв и параноја од оружја со иста разорна моќ.

6. СИДА

(6)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Сидата ѝ го привлече вниманието на јавноста во 1982 година. Од нејзиното појавување, оваа болест е одговорна за смртта на 36 милиони луѓе ширум целиот свет. Денес можеби го нема истиот публицитет како и порано, но заканата од неа сè уште е присутна.

7. Падот на Берлинскиот ѕид

(7)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Берлинскиот ѕид бил срушен во ноември 1989 година. Ова го означило крајот на опресијата од комунистичката влада и го означило обединувањето на Германија. Структурата на Источна Европа значително се променила.

8. Интернет

(8)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Интернетот е создаден од британскиот компјутерски научник Тим Берберс Ли во 1989 година. Денес повеќето луѓе не можат да си го замислат животот без Интернет и речиси сите зависиме од него.

9. 11-ти септември, 2001

(9)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Терористичкиот напад во Њујорк го запре светот од ужас. Овој ден загинаа 2.977 луѓе. Биле нападнати уште два авиона и се загубиле уште многу невини животи.

10. Социјални мрежи

(10)10-te-nastani-i-izumi-shto-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

Денес социјалните мрежи се насекаде. Постојат отприлика 2 милијарди Фејсбук корисници, 900 милиони Твитер профили и безброј активни блогови. Голема е веројатноста и овој текст да сте го сретнале на некоја социјална мрежа.

Ова се само неколку од настаните и изумите кои го оформиле светот во кој денес живееме. Но со еволуирањето на човештвото, продолжува да се менува и самиот свет. Замислете само што сè би се случило во наредните 100 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар