10-те најстари артефакти во светот

10-те најстари артефакти во светот

Ние луѓето навистина се воодушевуваме од најстарите примери кои се плод на креативноста и интелигенцијата. Артефактите кои нашите предци ги оставиле, во голем дел нè одделуваат од животните и навистина сме горди на нив. Па кога ќе откриете артефакт за кој можете да кажете дека е „прв“ или најстар, тој има големо значење. Погледнете ги најстарите познати артефакти.

1. Најстарата зачувана европска книга

10-те најстари артефакти во светот

Најстарата книга која сè уште е во одлична состојба е евангелието на Св. Кутберт. Овој текст бил напишан на латински во 7-иот век. Оваа книга е копија на евангелието на Св. Јован, оригинално напишано во североисточна Англија за Св. Кутберт и била поставена во неговиот ковчег пред повеќе од 1.300 години. Кога Викинзите го нападнале североисточниот брег на Англија, монасите го напуштиле островот и го земале ковчегот со нив, на тој начин зачувувајќи ја книгата. Ковчегот бил отворен во 1104 година кога бил граден нов олтар за светецот.

2. Најстарата официјална монета

10-те најстари артефакти во светот

Иако пости дебатирање, повеќето експерти се согласуваат дека првата вистинска монета била онаа на кралот Алијат во Лидија. Овие монети се користеле многу во тој период и се прославиле до древна Грција, а оттаму и низ западниот свет. Монетите биле изработени некаде помеѓу 660-та и 600-та година п.н.е. и според колекционерите не се многу ретки. Можете да ги купите по цена од околу 1.000 евра.

3. Најстарата дрвена градба која сè уште стои

10-те најстари артефакти во светот

Најстарата дрвена градба која постои и денес е во будистичкиот храм Хорју Џи во Јапонија. Четири од зградите на храмот се во совршена состојба и датираат од јапонскиот период Асука. Изградбата започнала во 587-ма година по наредба на императорот Јомеи. По неговата смрт градбата ја завршил неговиот наследник во 607-ма година. Оригиналниот комплекс изгорел во 670-та година и бил реконструиран во периодот пред 710-тата. Неколку историчари се сомневаат за тоа дали пожарот го уништил оригиналниот комплекс. Ако не, тогаш градбата би била уште постара.

4. Најстарото претставување на човечка форма

10-те најстари артефакти во светот

Венера од Холе Фелс е најстарата фигура на која е претставена човечка форма. Оваа 40.000-годишна статуетка пронајдена во Германија е висока околу 6 центиметри и е направена од коска од мамут. Како и повеќето фигури што ја репрезентираат Венера, таа претставува жена со облини и со истакнати гради и задник. На почетокот се мислело дека фигурата е стара околу 30.000 години, но со модерното датирање со јаглерод се открило дека е стара 40.000.

5. Најстарите музички инструменти

10-те најстари артефакти во светот

Во 2012-та година се откриени најстарите музички инструменти, стари 42.000-43.000 години. Инструментите се флејти направени од коски од мамут и од птици. Откриени се во јужна Германија. Музиката најверојатно била користена за религиски ритуали. Некои научници сметаат дека способноста за свирење потекнува уште порано. Наводно, луѓето имале напредна културна креативност уште во Африка, пред околу 50.000 години.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар