10-те најскапи чоколади во светот

10-те најскапи чоколади во светот

Постојат чоколади во светот кои чинат дури стотици долари и претставуваат вистински луксуз и несекојдневие. Како што вели Форест Гамп „Животот е како кутија чоколади. Никогаш не знаеш што да очекуваш“. Колку и убаво да звучи ваквата метафора, таа не важи за овие најскапи чоколади. Тие што ќе ги купат, дефинитивно ќе знаат што ќе добијат. Еве кои се најскапите, од Париз па сè до Брисел, изберете си ги омилените и уживајте!

10-те најскапи чоколади во светот

1. „Восгес У Шоколат“ – 60 евра

Со седиште во Чикаго, Восгес е компанија за чоколадо, која ги произведува едни од најуникатните чоколади што може да се пробаат. При изработката на чоколадото тие користат шунка, чили, цимет, ѓумбир и црн сусам.

10-те најскапи чоколади во светот

2. „Чуао“ – 79 долари од парче

Чуао е регион во Венецуела и овој бренд, со седиште во Калифорнија, користи европски техники за правење на венецуелско чоколадо. Чоколадите се направени рачно, не содржат адитиви, и се прават со мешање на венецуелско какао со зачини и други уникатни состојки.

10-те најскапи чоколади во светот

3. Гранд Кру од „Пјер Марколини“ – 100 евра

Оваа компанија е од Белгија, но користи какао од Еквадор, Индонезија, Мадагаскар, Мексико и Венецуела. Пјер Марколини има широк спектар на производи, кој од кој полуксузен, направени за задоволување на високите стандарди на посебните потрошувачи, меѓу кои и Опра Винфри.

10-те најскапи чоколади во светот

4. Колекција „Џи“ од „Годива“ – 120 долари од парче

Овој белгиски бренд е синоним за луксузно чоколадо. Имаат посебна колекција на чоколадни бонбони, која се состои од 15 чоколатца, специјално артистички дизајнирани.

10-те најскапи чоколади во светот

5. Бонбониера Енвол од „Ричарт“ – 120 долари од парче

Оваа компанија датира од 1925-та година и се наоѓа во Лион, Франција. Нудат чоколади со вкус на цитрон, билки и овошни ноти. Чоколадните зрна ги набавуваат од Хаити, Мадагаскар и Венецуела. Бонбониерата Енвол содржи 49 коцки чоколадо, рачно декорирани со деликатен дизајн.

10-те најскапи чоколади во светот

6. Колекцијата на Афисионадо од „Куќата на Грауер“ – 200 евра

Компанија од Швајцарија, која нуди 14 различни вкусови чоколадо, кои најдобро одат со пура или цигара. Како и да е, никаде не пишува дека непушачите не смеат да уживаат во овој деликатес.

10-те најскапи чоколади во светот

7. Црни тартуфи со Сваровски од „Амедеи Тоскана“ – 294 евра

Чоколадни тартуфи, шампањ и злато: кога ова се главните употребени состојки во една бонбониера, знаете дека ќе ве чини многу, но и дека навистина ќе вреди. Оваа компанија е основана во Тоскана, Италија. Чоколадните бонбони на сликата се исполнети со фил од шампањ и се поросени со јадливи златни снегулки. И ова не е сè, кутијата во која се спакувани е рачно изработена и декорирана со 450 Сваровски кристали.

10-те најскапи чоколади во светот

8. Чоколатца со злато што се јаде од „DeLafee“ – 508 долари

Направени од фини какао зрна и рачно декорирани со јадлив златен прав, овие чоколадни бонбони се вкусни, но рака на срце, вкусна е и цената.

10-те најскапи чоколади во светот

9. Ле гранд Луи XVI од „Debauve & Gallais“ – 900 евра

Компанијата датира од 1800-та и поседува кралска гаранција за изработка на чоколадо за кралските семејства. Ова било и местото од каде и францускиот император Наполеон се снабдувал со чоколадо. Оваа фабрика нуди темно чоколадни бонбони, со 99% какао, како вистински ексклузивитет.

10-те најскапи чоколади во светот

10. Чоколадни тартуфи Чокополоџи од „Kinipshildt“ – 2.600 евра

Основана во Данска, во 1999-та, оваа компанија произведува чоколади со 70% темно чоколадо и ванила. Се додава масло од тартуфи и други состојки за производот да биде уште поуникатен. Чоколадото однапред се нарачува и кога веќе еднаш ќе го добиете, нема да претставува никаков проблем да го изедете најмногу во рок од една недела.

10-те најскапи чоколади во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар