10-те најпознати женски сериски убијци
Се смета дека женските сериски убијци се поретки од машките, но сепак низ историјата постојат многу случаи на убиства извршени од страна на женски лица. И тие се подеднакво брутални како и оние кои биле извршувани од страна на машки лица.
1. Ајлин Вуорнос
Родена во 1956-та година, Ајлин Вуорнос убила 7 мажи во Флорида помеѓу 1989-та и 1990-та година. Сите мажи ги убила од непосредна близина со пиштол.
Уапсена е после мала сообраќајна незгода во автомобилот на еден од нејзините жртви, а на полицијата ѝ рекла дека сите мажи ги убила во самоодбрана бидејќи ја силувале додека работела како проститутка. Меѓутоа, таа сепак била осудена на смрт за 6 убиства. Во 2003-та година снимен е филмот „Чудовиште“ за нејзиниот живот, а во него ја глуми Шарлиз Терон (која добила Оскар за оваа улога.)
View this post on Instagram
2. Хуана Бараса
Наречена е „убиец на старици“ откако се пронајдени 16 стари жени кои биле задавени во Мексико во 2005-та година. Експертите велат дека Хуана со убивањето се обидувала да се ослободи од бесот што го имала кон нејзината мајка која била алкохоличарка. Хуана користела предмети како што се телефонски кабли, хеланки и стетоскоп за да ги задави своите жртви. Станала една од најпознатите сериски убијци во Мексико и осудена е на 759 години затвор поради 11 посебни обвинувања за убиство.
View this post on Instagram
3. Џејн Топан
Џејн била медицинска сестра која убила десетици пациенти. Го добила прекарот „Џоли Џејн“, а признала 31 убиство откако била уапсена во 1901-та година. Ги убивала жртвите со различни комбинации на лекови и хемикалии, па дури и лежела на кревет со нив откако ќе им ја давала дозата. На крајот ја прогласиле за виновна поради психички проблеми, па наместо во затвор остатокот од животот го поминала во психијатриска болница.
View this post on Instagram
4. Кристин Гилберт
Кристин била медицинска сестра во медицински центар за ветерани во Масачусетс и осудена е за убиство на 4 пациенти (сите ветерани) односно обид за убиство на уште 3 пациенти поради ставање инјекција со епинефрин. Тужителите барале смртна казна, но судот во 2001 година одлучил остатокот од животот да го помине во затвор, па од тогаш ислужува казна во Федералниот медицински центар во Тексас.
View this post on Instagram
5. Нани Дос
Нани Дос во 1955-та година е осудена на доживотна затворска казна откако го признала убиството на нејзините 4 сопрузи. Направена му е обдукција на нејзиниот последен сопруг, а резултатите покажале дека причина за смртта бил арсен. Тоа бил истиот отров со кој Дос ги убила и тројцата претходни сопрузи за кои претходно се верувало дека умреле од мистериозна смрт. Таа признала дека ги убила и нејзините мајка, сестра, внука и свекрва, но обвинета е само за смртта на нејзините сопрузи. Дос умрела во затвор од леукемија во 1965-та година.
View this post on Instagram
Продолжува на следната страница…