Едноставни одговори на најтешките детски прашања

Едноставни одговори на најтешките детски прашања

Децата го гледаат светот на поинаков начин. Тие на сè обрнуваат внимание, а нивната љубопитност навистина не познава граници. Постојано поставуваат прашања и очекуваат одговор во истата секунда. Но, многу често овие прашања нè оставаат збунети бидејќи и самите не сме сигурни кој е одговорот. Следуваат 10-те најчесто поставувани детски прашања надополнети со нивните одговори кои би требало барем малку да ја задоволат нивната жед за знаење…

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

1. Зошто водата врие?

Кога водата се загрева, молекулите почнуваат да се движат нагоре. Како што нивното движење се засилува, растојанието помеѓу молекулите станува сè поголемо. На крајот, врските помеѓу молекулите стануваат премногу слаби, па тие се одвојуваат и се претвораат во водна пареа. Овој процес се нарекува испарување.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

2. Како авионите остануваат во воздух?

Што е тоа што го спречува 162-тонскиот Боинг-747 да падне од небото? Тука најголема улога има силата на подигнување. Оваа сила се создава кога воздухот поминува истовремено преку и под крилото на авионот. Поради тоа што воздухот се движи побрзо врз крилото, таму се создава помал притисок. Истовремено, големата количина на воздух под крилото го турка авионот нагоре. Колку што е поголема брзината со која лета авионот, толку е поголема силата на подигнувањето.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

3. Зошто снегот е бел?

Кога ќе се погледнат одвоено, секоја снегулка изгледа безбојна и проѕирна. Тогаш како снегот е бел? Одговорот е дека кога снегулките формираат поголема маса, тие ја одбиваат и ја рефлектираат сончевата светлина. Рефлектираната светлина е бела затоа што сонцето е исто така бело (и покрај тоа што со патувањето низ атмосферата сончевата светлина делува жолто).

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

4. Зошто човечката коса не може да биде природно сина?

Човечката коса содржи пигменти кои прават да изгледа црна, кафеава, жолта или црвена. Нашата коса исто така содржи ситни воздушни меурчиња. Комбинацијата од пигменти и бројот на воздушни меурчиња кои ги има во косата, ја определуваат бојата. Пигментите кои се содржат во косата не можат да произведат сина или зелена боја кога ќе се комбинираат.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

5. Зошто астронаутите лебдат во вселената?

Спротивно на општото мислење, астронаутите кои патуваат во Меѓународната вселенска станица, не се ослободени од силата на гравитацијата. Земјината гравитација има влијание на сите објекти во орбитата. Што се однесува до бестежинскиот ефект, тој се случува затоа што станицата и сите во неа паѓаат спрема Земјината површина со брзина од 7,9 километри во секунда. Меѓутоа, големата висина на која се наоѓа станицата прави овој пад да изгледа како да е бесконечен. Се чини како објектот што орбитира постојано да ја „промашува“ површината на планетата и наместо тоа лета околу Земјата. Замислете си лифт кој паѓа надолу од најгорниот кат на некој облакодер. Човекот во лифтот би доживеал привремена бестежинска состојба. Астронаутите во орбитата го доживуваат истото, но на подолгорочно ниво.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

6. Зошто небото е сино?

Кога сончевите зраци ја пробиваат атмосферата на нашата планета, тие се раштркуваат и одбиваат. Најпрво, сончевата светлина е бела и се дели на седумте бои на виножитото. Поради тоа што сината боја е пораспространета од другите бои, на крајот таа доминира на небесната палета. Но небото никогаш не е совршено сино поради присуството на другите бои од спектарот.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

7. Како настанува маглата?

Маглата се состои од илјадници ситни водни капки или ледени кристали кои висат во воздухот точно над земјата. Таа настанува кога воздухот е ладен, а земјата е топла и обратно. Во двата случаи, се појавува густ облак од водна пареа или ледени честички и се распространува на површината.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

8. Зошто водата не гори?

Водата се создава како резултат на хемиска реакција во која водородот оксидира од кислородот и се произведува топлина. Токму поради тоа што водата веќе ја ослободила својата топлина, таа не може да гори во природни услови.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

9. Зошто стрелките од часовникот го покажуваат времето од десно кон лево?

Пред да бидат механичките часовници измислени, луѓето го користеле сонцето за да дознаат колку е часот. Сончевите часовници најпрво се појавиле на северната хемисфера каде движењето на сонцето прави сенките да се движат од десно кон лево. Подоцна во историјата, механичките направи за мерење на времето го наследиле овој принцип од сончевите часовници.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

10. Зошто тркалото има кружна форма?

Кружната форма е совршена за да се тркала на рамни површини. Поради тоа што сите точки од тркалото се на исто растојание од неговиот центар, тој постојано останува на иста висина од земјата и возилата не се поместуваат нагоре-надолу додека се движат на патот. Доколку површините на патиштата беа нерамни, тогаш би ни било поудобно да се возиме во возила со тркала во форма на квадрат! Сосем случајно, проблемот за конечната форма на тркалата бил решен од ученикот Дмитри Тарусов кој бил второ одделение! По примерот на вистинските научници, момчето формулирало хипотеза и спровело голем број експерименти со колички направени од Лего коцки кои се обидувал да ги движи со тркала во различни форми.

10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговорите

Светот е полн со мистерии кои дури и 8-годишно дете може да ги реши ако е доволно љубопитно и ако има желба за учење. Би требало почесто да го следиме примерот на децата и којзнае што сè би можеле да откриеме и измислиме!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар