Претходно
10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година
Доволно е само да ги погледнете статистиките на Јутјуб и веднаш ќе сфатите зошто нашите социјални мрежи се преполни со видеа со слатки животни, забавни дечиња, компилации, кавери, различни видови глупости, епски запросувања и слично. Јутјуб моментално има над 1 милијарда корисници, секојдневно добива по 4 милијарди прегледувања и вклучува 6 милијарди часови видеа секој месец.
Па, што гледаат луѓето на Јутјуб? Според статистиките, следниве 10 видеа биле најпопуларни во 2015 година. Тие биле избрани според прегледувањата, лајковите, споделувањата, пребарувањата, пародиите, ремиксите и одговорите…