10-те најневеројатни случаи со хипноза од минатото - Part 2

10-те најневеројатни случаи со хипноза од минатото

6. Брак под хипноза

(6)10-te-najneverojatni-sluchai-na-hipnoza-od-minatoto-kafepauza.mk

Мажите не биле единствените кои користеле хипноза за да излезат од некој брак. Во 1897 година, една жена тврдела дека некој маж ја хипнотизирал и стапил во брак со неа, а најверојатно ја кажувала вистината. Нејзиниот сопруг бил професионален хипнотизер. Додека патувал застанал во Њујорк и престојувал во куќата на постарата сестра на хипнотизираната девојка. Пред кој било да сфати што се случува, хипнотизерот се оженил со девојката иако таа веќе била верена за друг. Нејзиното семејство веднаш пратило тужба против хипнотизерот. Кога ја испрашувале, девојката рекла дека немала никакво сеќавање за венчавката или пак, за што било после тоа. Таа исто така изјавила дека била вљубена во првиот вереник и дека не можела да го поднесе хипнотизерот.

7. Прескокни го хлороформот

(7)10-te-najneverojatni-sluchai-na-hipnoza-od-minatoto-kafepauza.mk

Во 1902 година, господин Кларк бил во несреќа која резултирала со голема исеченица на неговата дланка. Тој бил однесен во болница, а докторите веднаш почнале со операција. Тој го одбил хлороформот кој му бил понуден и ги прашал лекарите колку долго ќе трае операцијата. Тие му рекле дека ќе им биде потребен околу еден час. Тогаш Кларк ги затворил очите, си ја допрел главата со здравата дланка и потонал во длабок сон. Докторите почнале со операцијата, а Кларк воопшто не реагирал на сечењето и шиењето. Лекарите завршиле неколку минути пред да помине еден час, па чекале да видат дали Кларк ќе се разбуди. И после точно еден час тој се разбудил и рекол дека не почувствувал ништо за време на операцијата.

8. Не е за на телевизија

(8)10-te-najneverojatni-sluchai-na-hipnoza-od-minatoto-kafepauza.mk

Дали мислите дека е паметно да ја хипнотизирате публиката преку телевизија? Од ТВ каналот BBC одлучиле да го тестираат ова во 1946 година, па викнале професионалец чија хипноза ја снимале. Снимката од перформансот им била пуштена на вработените во телевизијата. Во првиот тест, 12 луѓе ја гледале програмата, а 5 од нив „заспале“. Во вториот тест биле користени 6 гледачи, од кои 4-ца заспале. Двајца од заспаните биле во толку длабок транс, што дури и хипнотизерот едвај ги разбудил. Тогаш одлучиле дека е опасно да се пушти видеото на телевизијата. Ако заспиел кој било од гледачите, се верувало дека само хипнотизерот ќе може да го разбуди.

9. Злосторство против нејзина волја

(9)10-te-najneverojatni-sluchai-na-hipnoza-od-minatoto-kafepauza.mk

Во 1900-тите имало многу случаи каде што криминалците тврделе дека се хипнотизирани. Тие велеле дека немале своја волја и дека некој непознат ги терал да ги прави криминалните дела. На пример, во 1923 година во Германија имало случај каде што една жена, Пола Боден, тврдела дека е хипнотизирана од двајца мажи. Таа и мажите украле 7 милиони марки. Тројцата биле уапсени, но Боден упорно тврдела дека грабежот бил против нејзината волја. Лекарите ја испитале и заклучиле дека сигурно е хипнотизирана. Она што го потврдило нејзиното тврдење е признанието на мажите дека во минатото хипнотизирале други жени, но не признавале дека ѝ го направиле тоа и на Боден. Таа била ослободена, а двајцата мажи биле затворени.

10. Никогаш не ја хипнотизирајте полицијата

(10)10-te-najneverojatni-sluchai-na-hipnoza-od-minatoto-kafepauza.mk

Целта била забава, но шоуто тргнало во погрешна насока кога еден професор од Австралија одлучил да ја покаже моќта на хипнозата во 1924 година. Прво професорот хипнотизирал неколку луѓе од публиката без никаков проблем. Тогаш тој забележал еден полицаец и го поканил на сцената. Го хипнотизирал и му дал едно стапче за кое му рекол дека тоа е пиштол. Потоа покажал кон публиката и му рекол на полицаецот да ја застрела публиката, и да ги уапси луѓето за нарушување на мирот. Но, полицаецот сфатил дека во раката држи стапче, па го извадил својот вистински пиштол. Застрелал повеќе луѓе, од кои тројца загинале. Потребен бил вистински напор за да го „извадат“ полицаецот од трансот. Кога конечно се свестил, се верува дека полудел поради тоа што го направил, а хипнотизерот бил уапсен поради невнимателност.

Погледнете и што да очекувате ако посетите хипнотерапевт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар