10-те најмирољубиви нации во светот

10-те најмирољубиви нации во светот

Од 2007-та година па наваму, „Global Peace Index“ спроведува рангирање на нациите и регионите по основа на мирољубивост и задржување на општата состојба на мир. Иако многумина би рекле дека светот, од ден на ден, е сè поборбен и побунтовен, особено со скорешните настани, сепак овие 10 држави се истакнуваат токму по отсуството на агресија.

10-те најмирољубиви нации во светот

1. Данска

Данска се наоѓа на врвот на листата поради фактот дека претставува една од најбезбедните земји во светот. Иако Копенхаген, нејзиниот главен град долго време се наоѓал под окупација на нацистите, од Втората светска војна нема никакви немири. Жителите на Данска повеќе се фокусираат на економскиот напредок отколку на стапување во разни недоразбирања и конфликти. Освен тоа, тие се многу пријателски настроени, отворени и желни да помогнат.

2. Норвешка

Норвешка е една од најсигурните држави во светот за живот. Таа е држава во која човековите права се на највисоко ниво, а државната влада го ставила мирот на прво место на листата на своите приоритети.

3. Сингапур

Како активен член на меѓународната заедница и пред сѐ како мала нација, Сингапур не може да си дозволи сигурноста да ја зема здраво за готово. Од прогласувањето на независноста во 1965-тата година, Сингапур многу работел на развивање добрососедски односи, но и на зголемување на економската стабилност и енергетската независност.

4. Словенија

Словенците се наоѓале на самиот врв на листата најсигурни нации во светот. Според бројот на организиран криминал, присуство на насилство и надворешни немири, Словенија е една од високо позиционираните членови на ОН.

5. Шведска

Една од најубавите скандинавски држави, Шведска, се наоѓа далеку во северна Европа. Иако е позната како една од најголемите извозници на оружје, таа има неверојатно ниска стапка на кражби и криминал. Шведска не била во војна и не учествувала во никакви борбени судири веќе две децении.

6. Исланд

Исланд отсекогаш се држел на страна за време на големите немири. И покрај тоа што исландските банки доживеале колапс пред неколку години, состојбата во државата е целосно мирна.

7. Белгија

Сместена во срцето на Европа, оваа мала држава е дом на ЕУ и НАТО. Можеби токму поради тој факт Белгија ретко кога била вовлечена во недоразбирањата и конфликтите. Преполна со средновековни градови, маркети, пазари, дворци и прекрасна природа – Белгија е рај за туристите.

8. Чешка

Може да се каже дека Чешка е релативно мала држава. Од моментот кога се одделила од Советскиот сојуз и кога ги раскинала односите со Словачка, Чешка упорно работи на тоа да стане силно економско средиште и вистинско место за инвеститорите. Во 2009-тата Чешка била прогласена за држава со висок развој на човечките права.

9. Швајцарија

Швајцарија е најпозната по банките и часовниците. Но, и покрај тоа, таа е неверојатно стабилна земја со ниска стапка на немири и бунтови. Исто така, неодамна е прогласена за држава со најмала нестабилност на владата и како потврда за тоа стои и фактот што има најниска стапка на криминал во Европа.

10. Јапонија

Јапонија е една од најинтересните држави, ако ја судиме според културата. Но, таа е и трета по ред економска сила во светот. Од Втората светска војна, Јапонија не влегувала во никакви немири, а стапката на криминал е сведена на минимум. Освен што е прекрасна, Јапонија е и целосно мирољубива држава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар