10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

За сериски убијци се сметаат луѓето кои во одреден период убиле најмалку тројца луѓе. Просечниот коефициент на сериските убијци е 94,7 што се смета за просечна интелигенција, но постојат некои сериски убијци чиј коефициент на интелигенција бил многу повисок. Дознајте кои се 10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото…

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

Тед Банди

1. Џон Кристи

Џон Кристи бил роден во Јоркшир, Англија во 1899 година. Тој убил 8 жени така што ги давел или ги принудувал да вдишат отровни гасови. Нивните лешеви ги чувал во неговиот стан во Нотинг Хил. Тој бил добар студент со коефициент на интелигенција 128, што е над просекот. Тој дури добил стипендија за школување од британската војска.

2. Едмунд Кемпер

Едмунд бил роден во Калифорнија во 1948 година. Тој бил затворен на 15 години поради тоа што ги убил со пиштол баба му и дедо му, но го пуштиле кога наполнил 21 година. Подоцна, тој убил и масакрирал 6 девојки од факултет. Во 1973 година ја убил мајка си во спиење и го задавил нејзиниот најдобар пријател. И покрај менталното нарушување, Едмунд може да се смета за генијалец, бидејќи неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 136. Својата интелигенција ја користел за да бега од менталните установи.

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

3. Тед Банди

Тед Банди бил роден во 1949 година во Вермонт. Тој на прв поглед бил згоден и шармантен, но зад пријатниот физички изглед се криел ладнокрвен убиец. Не е потврден точниот број на неговите жртви, но се смета дека вкупно 36 жени умреле од неговите раце. Неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 136. Тој го користел својот ментален капацитет за да ги прелажува жртвите и да се преправа во полицаец. По струка бил психолог.

4. Кристен Гилберт

Атрактивната и згодна Кристен била родена во Масачусетс во 1967 година. Кога се вработила во медицинскиот центар за ветерани, биле пријавени многу смртни случаи во нејзините смени. Утврдено е дека била виновна за 4 смртни случаи. Таа им предизвикувала срцеви удари на жртвите со тоа што им вбризгувала епинефрин. На училиште била одлична ученичка и дипломирала година и пол пред останатите.

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

5. Џорџ Расел Јуниор

Тој бил роден во 1958 година и бил познат како убиецот од Источниот брег. Иако бил шармантен, кога бил тинејџер покажувал симптоми на социопатија и насилно однесување. Тој развил омраза кон жените, брутално убил 3 жени и ги експонирал на морничав начин. Иако го напуштил училиштето, тој бил многу интелигентен и го сметале за талентиран ученик. Еден период работел во полиција.

6. Ендру Канана

Ендру бил роден во 1969 година во Калифорнија. Тој бил впечатлив геј жиголо кој одел во геј барови во потрага по богати мажи. Тој почнал да убива во 1997 година. Убил 5 луѓе, а меѓу нив бил и познатиот моден дизајнер Џани Версаче. Канана го сметале за генијалец, неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 147, бил одличен ученик на училиште, имал фотографско помнење и зборувал 7 јазика.

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

Џани Версаче и Ендру Канана

7. Керол Едвард Кол

Кол бил роден во 1938 година во Ајова. Тој пораснал со проблематична и агресивна мајка. Поради омразата кон неговата мајка, Кол задавил 13 жени кои го потсетувале на неа. Кога имал 14 години, тој направил тестови за интелигенција и неговиот коефициент изнесувал 152, што значи дека бил генијалец. Тој бил лош ученик, имал ментално нарушување и се дрогирал.

8. Шарлин Вилијамс

Шарлин била родена во 1956 година во Калифорнија. Иако нејзиниот сопруг бил тој што убива, таа учествувала во киднапирањето и силувањето на 9 жени и 1 маж, а некои од тие жени биле 13-годишни девојчиња. Таа била неверојатно интелигентна жена со коефициент на интелигенција кој изнесувал 160. Имала фотографско помнење и одлично свирела виолина.

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

9. Родни Алкала

Родни бил роден во 1943 година во Тексас. Од 1977 до 1979 година, тој убил 8 жени, но се верува дека бројот на неговите жртви изнесува 100. Тој во 1978 година се појавил на едно телевизиско шоу познато како Игри со спојување парови и победил. Тој бил генијалец и неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 160. Бил најдобар ученик во неговата генерација, свирел пијано, имал многу пријатели и бил примен на Академијата за ликовни уметности во Њујорк.

10. Тед Качински

Тед Качински бил роден во 1942 година во Чикаго, а историјата го помни по прекарот Унабомбер. Тој им праќал бомби на неговите жртви за разлика од останатите сериски убијци. Жртвите воглавно биле професори, а во период од 20 години, тој повредил 23 и убил 3-ца луѓе. Во 5-то одделение правел тест за интелигенција и неговиот коефициент изнесувал 167. Тој бил генијалец, прескокнал неколку одделенија и одел на разни училишни секции, како што се шах, биологија, германски јазик и математика. На 16 години добил стипендија од Харвард. По дипломирањето станал доктор по математика на Универзитетот во Мичиген и работел како професор на универзитетот Беркли во Калифорнија.

10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото

Прочитајте нешто повеќе и за следниве застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар