10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн

10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн

Сите ние доживуваме подеми и падови во животот, но малкумина од нас знаат како вистински да се справат со предизвиците и да не дозволат проблемите и тешкотиите да влијаат врз соништата. Курт Кобејн е еден од нив! И покрај проблематичното детство, недостатокот на емоционална поддршка, љубов и сочувство, тој постанал еден од најпознатите рок-музичари на сите времиња. Неговите цитати, пак, и ден-денес ги инспираат луѓето да го живеат животот што го посакуваат.

10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн

„Подобро да ме мразат поради тоа што сум отколку да ме сакаат поради тоа што не сум.“

„Никој не се плаши од височина туку од паѓањето. Никој не се плаши да каже – те сакам, туку од одговорот.“

„Само затоа што тоа е сè што посакувате не значи дека тоа е сè што ви треба.“

„Дрогата е губење време. Таа ја уништува вашата меморија и вашата самодоверба.“

„Има многу работи што би сакал да ги направам, наместо само да седам и да се жалам дека живеам здодевен живот.“

„Без разлика што и да правите, ништо не можете да направите за да ги натерате луѓето да ве разберат.“

„Кога моите очи би можеле да ја покажат мојата душа, сите би плачеле кога би виделе дека се смеам.“

„Ме исмејуваат бидејќи сум различен; јас ги исмејувам бидејќи сите тие се исти.“

„Сонцето замре, но јас имам светлина.“

„Ти благодарам за тешките искуства. Неопходни ми се за мојата уметност.“

Откако ги прочитавте овие цитати на Курт Кобејн, можеби ќе сакате да ги прочитате и најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар