10-те најглупави изјави од познатите личности
На секого му се случува да каже нешто глупаво и смешно, но кога се работи за познатите личности, тие навистина знаат кога да го направат тоа.
Кога ви се случува тоа во приватниот живот, забележуваат само луѓето околу вас, но замислете да кажете нешто толку глупаво, без да се обидувате да изгледате смешно, а притоа ве гледа целиот свет. Звучи страшно и сигурно би покасале да пропаднете во земја од срам.
Погледнете ги овие глупави изјави на познатите личности кои слатко ќе ве насмеат.
1. Брук Шилдс
„Пушењето може да ве убие, a ако сте мртви, вие сте изгубиле многу важен дел од вашиот живот.“
Во право е. Тешко е да имате нормален живот откако ќе умрете.
2. Линдзи Лохан
„Зошто се сите во толкава паника околу ураганот (јас го викам Сали)? Престанете да ширите негативност! Мислете позитивно и молете се за мир.“
Линдзи успеа да пронајде одличен начин да им помогне на сите кои беа зафатени од ураганот Сенди. Со позитивна мисла!
3. Ракел Велч
„Ме повикаа да дојдам во Чикаго затоа што Чикаго е една од нашите 52 држави.“
Да, Ракел го има изјавено ова за време на интервјуто со Лари Кинг.
4. Шекил О’Нил
„Јас навистина не можам да се сетам на имињата на сите клубови ги посетивме.“
Ова бил одговорот на Шекил кога репортерот го прашал дали имал шанса да го посети Партенонот за време на неговата посета во Грција.
5. Аксел Роуз
„Навистина е тешко да се одржува моногамна врска ако жената не ме остава да се гледам со други жени.“
Аксел е во право. Денес жените се навистина чудни…
6. Ким Кардашијан
„Денес разговарав со девојка која има рак и зборувавме за тоа колку ѝ е тешко, но дека притоа научила и голема лекција за тоа кои ѝ се пријатели и уште многу нешта за животот. Таа има 18 години. Jас ѝ реков, знам како се чувствуваш.“
Ким всушност го споредува нејзиниот краток брак со Крис со болеста од рак.
7. Парис Хилтон
„Сè што може лошо да му се случи на човек, ми се има случено мене.“
Да, Парис, сигурно имаш поминато низ многу потешкотии во својот живот.
8. Аманда Бајнс
„Крис Браун те тепа затоа што не си доволно убава.“
Ова беше навистина груба изјава на Аманда откако се откри дека Крис Браун ја тепал Ријана.
9. Шантел Хафтон
„Аксел ми се смееше затоа што мислев дека Сонцето и Месечината се една иста работа. Испадна дека не се.“
Се прашуваме дали Шантел мисли и дека Сонцето и Месечината се планети.
10. Бритни Спирс
„Јас никогаш не сум сакала да одам во Јапонија. Едноставно затоа што не сакам да јадам риба, а знам дека тоа е многу популарно таму во Африка.“
Можеби е подобро што не сакала да ја посети Јапонија, којзнае каде ќе завршела.