10-те најевтини европски градови за викенд патување
Британското списание Пост Офис неодамна ја објави листата од најевтините Европски градови за викенд посета. Критериумите според кои експертите ја направиле оваа листа биле типичните трошоци – од пица и вечера за двајца со вино, до сместување во хотел со три ѕвезди и превоз.
Погледнете ја листата на најевтините градови за 2019 година за викенд посета. Ако сакате малку да избегате од вашиот град, тогаш без сомнение на овие десет места би си прошле одлично и би заштедиле многу повеќе пари од посетата на дестинациите каде што вообичаено одите.
1. Вилнус
2. Белград
3. Варшава
4. Истанбул
5. Букурешт
6. Порто
7. Рига
8. Братислава
9. Москва
10. Прага
Во однос на претходната година, Вилнус, Варшава, Москва и прага овој пат се поевтини, додека пак, Венеција и Амстердам се значително поскапи. Љубителите на пивото треба да го земат предвид фактот дека пивото во Прага е десетина пати поевтино од тоа во Осло. А кој е најскапиот град според оваа листа? Рејкјавик!
Дознајте и како да организирате поволно патување од соништата.