10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

Актерката годинава го прослави својот 52-ри роденден, но сепак изгледа младолико, а нејзината главна тајна се сјајната енергија и неверојатната смисла за хумор. Во продолжение ќе ги прочитате најимпресивните цитати од Џенифер Анистон за љубовта, животот, медитацијата и интуицијата.

10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

„Вистинската љубов менува сè. Оставате огледало да стои пред вас секој ден.“

„Јас секогаш велам – не работи на планови, туку на опции.“

„Никој не мисли за себе дека е секси. Има денови кога мислите: ‘Еј, па денес не сум толку лош.’ Но, ако се обидувате да бидете секси, никогаш нема да бидете секси.“

„Ми рекоа да се откажам од глумата поради одбивање. Ми рекоа: ‘Зарем не сакате да имате нормална работа и нормално семејство?’ Претпоставувам дека тоа е добар совет за некои луѓе, но јас сакав да глумам.“

„Нема жалење во животот, само лекции.“

„Бракот ги вади на виделина сите оние работи што ги турнав во еден агол – стравови, недоверба, сомнежи, несигурности. Тоа е како да ја отворате Пандорината кутија.“

„Кога некој ве следи до продавница и ве гледа како купувате ролна тоалетна хартија, знаете дека животот ви се сменил.“

„Кога еднаш ќе сфатиш кој си и што сакаш кај себе, мислам дека сè ќе си дојде на свое место.“

„Колку е поголем вашиот капацитет за љубов, толку е поголем вашиот капацитет за чувство на болка.“

„Ако не сте среќни, можете да бидете среќни. Среќата е прашање на избор.“

Прочитајте ги највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар