10-те најчудни градови во светот

10-те најчудни градови во светот

Ако мислевте дека вашиот град и вашите соседи се чудни, верувајте откако ќе ја разгледате оваа листа сигурно ќе го промените вашето мислење и ќе сфатите дека всушност живеете на едно мирно и здодевно место. Во продолжение погледнете ги 10-те најчудни градови кои се познати по нивните имиња, незамисливата архитектура, како и населбите во кои живеат само џуџиња.

1. Супилин (Естонија)

10-те најчудни градови на светот

Доколку ја сакате едноставноста, самотијата и природата, тогаш овој мал естонски град е вистинското место за вас. Куќите во целиот град се дрвени и необични, а имињата на улиците се именувани по зеленчукот кој се одгледува во тој крај.

2. Мисола (С.А.Д.)

10-те најчудни градови на светот

Овој град се нарекува „американска престолнина на силувањата“, но името е целосно погрешно. Во последните три години овде се пријавени околу 80 случаи на силување, што е всушност просечниот број на вакви случаи во цела Америка.

3. Ексидент (С.А.Д.)

10-те најчудни градови на светот

Сместен во Мериленд, овој град, по пописот на жители од пред неколку години, брои само 325 луѓе.

4. Елиста (Русија)

10-те најчудни градови на светот

Овој град е познат и под името „шаховски град“. Очигледно, архитектите и дизајнерите биле заљубени во оваа игра, бидејќи во градот на секој чекор можете да наидете на шаховски табли и други работи поврзани со неа.

5. Темс (Кина)

10-те најчудни градови на светот

Иако е сместен во срцето на Кина, Темс наликува на британски град. Англиската архитектура, англиската кујна, па дури и црвените телефонски говорници ги преплавуваат улиците на градот, па ако сакате да ја посетите Англија, можете слободно да одите во Кина.

6. Факинг (Австрија)

10-те најчудни градови на светот

Овој град го носи своето име со години, но станал познат кога во Втората светска војна навлегле американските и британските војници. Жителите еднаш пробале да го сменат името, не сепак тоа останало со цел да се намали бројот на американските и британските туристи.

7. Монови (С.А.Д.)

10-те најчудни градови на светот

Овој град се наоѓа во Небраска, а веројатно е и единствениот град во светот каде што живее само една личност. Тоа е една постара госпоѓа која поседува бар и книжара, а ги отвора само кога ќе дојдат гости.

8. Населбата на џуџињата (Кина)

10-те најчудни градови на светот

По самото име многу лесно можете да заклучите за што станува збор. Ова е мало, слатко местенце во кое живеат само џуџиња. Но, градот сѐ повеќе и повеќе станува туристичка атракција и брои многу посети од туристи ширум светот.

9. Кубер Педи (Австралија)

10-те најчудни градови на светот

Во Австралија постои град кој се наоѓа под земјата и кој е направен во областа на напуштени рудници. Овој град е познат и како опуштено и занимливо место, особено за време на големите летни жештини.

10. Островот Мијаке (Јапонија)

10-те најчудни градови на светот

Луѓето кои живеат на островот се платени од страна на јапонската влада. Градот се наоѓа на активен вулкан и жителите секојдневно се изложени на многу висока концентрација сулфур. Поради тоа, многу од нив мора да носат гас маски и по 24 часа дневно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар