10 тајни за клиторисот: Знаете ли која е неговата единствена функција?

10 тајни за клиторисот: Знаете ли која е неговата единствена функција?

Клиторисот не е копче, туку скриено богатство. Токму оваа мисла сликовито го открива значењето на клиторисот за задоволството и уживањето на жените, неговата улога во репродукцијата како и за самата сексуалност. Погледнете ги следниве неверојатни и помалку познати факти за клиторисот.

10 тајни за клиторисот: Знаете ли која е неговата единствена функција?

1. Клиторисот е делумно видлив за окото. Тој е всушност околу 10 сантиметри долг (како пенис кој не е во ерекција), но три четвртини од него се скриени во телото на жената. Токму затоа и некои го нарекуваат „закопано богатство“.

2. Клиторисот содржи над 8.000 нервни завршетоци и затоа е многу чувствителен на стимулација. Сè на сè, тоа се двојно поголем број нервни завршетоци отколку оние кои се наоѓаат на главата од пенисот.

3. Клиторисот расте во текот на целиот живот. Токму затоа по менопаузата може да стане и до 2,5 пати поголем отколку што бил во младоста.

4. Од 50 до 75% од жените за време на сексот со партнерот кои доживуваат оргазам, тоа не можат да го постигнат без директна стимулација на клиторисот.

5. Едната и исклучива функција на клиторисот е женското задоволство. Еволуциски, тој постои со цел жените да сакаат секс, а со тоа и да ги зголемат шансите за потомство.

6. Според научниците постојат дури 3 видови женски оргазам. Тие можат да настанат од клиторисот, грлото на матката и Г точката во вагината. Одредени експерти за сексот веруваат и дека Г точката е изградена од истото ткиво како што е и клиторисот.

7. Женските гениталии често погрешно се нарекуваат исклучиво како вагина. Доколку сакате со правилен израз да ги обедините клиторисот, усните и вагината заедно, треба да ја наречете вулва (латинското име за вагина).

8. Клиторисот е различен кај различни жени. Кај некои од нив е скриен под усните, додека пак кај некои други надзира од горниот или долниот дел надворешни усни.

9. На секој клиторис му одговараат различни видови надразнување. Додека кај некој жени трикот за оргазам се крие во триењето горе-долу, други сакаат нежни кружни движења, а трети пак тапкање, како да притискате копчиња.

10. Околу 46,6% од жените мастурбираат минимум еднаш месечно. Околу 65% од нив велат дека го прават тоа бидејќи им одговара, 31% бидејќи на тој начин се ослободуваат од стресот, а 20% бидејќи на тој начин се опуштаат и побрзо заспиваат. Околу 13% од жените редовно мастурбираат за време на сексот со партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар