10 тајни места што се скриени пред вашите очи

10 тајни места што се скриени пред вашите очи

Само што ќе помислиме дека знаеме сè за познатите знаменитости во светот, благодарение не Интернетот дознаваме дека не е така. Погледнете некои од тајните кои ги кријат најпознатите туристички атракции.

1. Приватниот апартман на Густав Ајфел, Париз, Франција

(1)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

На третиот кат од Ајфеловата кула се наоѓа еден апартман кој му припаѓал на Густав Ајфел. Овде тој се среќавал со некои важни гости, вклучувајќи го и Томас Едисон. Денес во оваа просторија има кукли од Ајфел и Едисон и е отворена за јавноста.

2. Празната зграда на Тајмс Сквер, Њујорк, САД

(2)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

И покрај тоа што им носи годишна заработка од 23 милиони на сопствениците, познатата зграда на Тајмс Сквер е празна. Компанијата што ја поседувала зградата банкротирала во 1992 година, и потоа била продадена на компанија за реклами. Оттогаш таа е само огромен билборд со екрани.

3. Станицата на Градското собрание, Њујорк, САД

(3)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Оваа станица во подземната железница на Њујорк била во функција од 1904 до 1945 година. Потоа била затворена бидејќи долгите вагони на новите возови правеле многу остри свртувања во тунелот. Станицата можете да ја посетите ако не се симнете на крајот на линијата број 6. Таа ја користи оваа станица за да се врати назад.

4. Тајната просторија на Маунт Рашмор, САД

(4)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Покрај скулптурата со претседателите, Маунт Рашмор има тајна соба во која се чуваат најважните документи на САД, вклучувајќи ја и Декларацијата за независност.

5. Затвор во палатата Доџ, Венеција, Италија

(5)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Под венецијанската палата Доџ постои затвор во кој престојувал познатиот Џакомо Казанова. Низ 400-годишната историја на затворот, Казанова бил единствениот затвореник кој успеал да избега. Постоењето на овој затвор обично им е познато на многумина, но неговата посета не е вклучена во турата низ палатата.

6. Тунелите под Лас Вегас, САД

(6)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Под главната улица во Лас Вегас се протега огромна мрежа на тунели кои се дом на стотици бездомници. Овде владее целосна темница, но штом ќе ја вклучите светилката можете да ги забележите многуте знаци на човечко присуство: покуќнина, облека и разни секојдневни предмети.

7. 103-от кат на Емпаер Стејт Билдинг, Њујорк, САД

(7)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Секој знае дека има платформа за набљудување на 102-от кат, но можете да уживате и во погледот од 103-от. Овде се наоѓа мала соба со балкон. Сепак, овој кат е отворен само за вработените и за ВИП личности.

8. Тоалетот на кардиналот Бибиена, Ватикан

Stufetta del Cardinale Bibbiena (Bathroom of Cardinal Bibbiena).

Тоалет декориран од Рафаело Санти во 1516 година е дел од апартманите на кардиналот Бибиена. Она што е необично за овој тоалет е тоа што фреските се далеку од пристојни. Влезот на овој тоалет е во поранешната спална соба на кардиналот каде што денешниот Папа одржува средби со светските лидери.

9. Тајни апартмани во замокот на Пепелашка, Дизниленд, САД

(9)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Собата изгледа како апартман од некој многу скап хотел, но не можете да ја изнајмите дури и ако ги имате сите пари на светот. Но, можете да ја освоите престој во оваа соба – секој ден, во јануари, Дизниленд организира лотарија за собата.

10. Платформа за набљудување во факелот на Статуата на слободата, Њујорк, САД

(10)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mk

Сè до 1916 година имало скали кои воделе до оваа платформа. Но во таа година факелот бил оштетен од експлозија, па на туристите им бил забранет пристапот. Оваа забрана важи и денес, иако факелот бил заменет со нов во 1986 година.

Погледнете ги и 10-те места кои не можете да ги видите на Google Maps.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар