10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

Некои луѓе повеќе се плашат од тоа што го знаат, отколку од тоа што не го знаат. Но сепак, кога човек е свесен за одредени работи, стравот понекогаш исчезнува. Многумина уживаат во летањето и се препуштаат целосно на машинеријата која ќе ги вивне кон небото и на луѓето кои управуваат со неа. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш погледнете ги следниве 10 тајни кои стјуардесите и пилотите нема да ви ги откријат кога се подготвувате за полетување.

10 тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

1. Дали сте знаеле дека од моментот кога маските се појавуваат над вашите глави, имате кислород за само 15 минути? Тоа време е доволно за пилотот да го спушти авионот на висина каде ќе можете нормално да дишете, па оттука нема причина за паника.

2. Дали знаете која е вистинската причина зошто се гаснат светлата во текот на ноќното слетување? Тоа е за да ви се прилагодат очите на мракот во случај нешто да тргне наопаку.

3. Сте чуле ли некогаш дека во текот на летот во авионот удираат грмотевици, без вие да го забележите тоа?

4. Интересен е фактот дека тоалетите во авион можат да се отклучат и од надвор. Ако мислите дека сте заклучени, реалноста е дека во секој момент може некој да влезе.

5. Дали знаете дека пилотите секогаш носат дополнителна храна, во случај храната во авионот да е затруена?

10 тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

6. Ако се случи некаква несреќа, повеќето од комерцијалните авиони можат да летаат само со еден мотор.

7. Сѐ уште нема точно објаснување зошто мобилните телефони и компјутерите секогаш мора да ни бидат исклучени.

8. Авионот може да лета уште кратко време и откако ќе откажат двата мотори. Затоа полетувањето и слетувањето се најкритичните делови од летот.

9. Водата во авионите нема посебен квалитет. Некои од авионите се прилично стари, дури и по 50 години, а тоа значи дека толку се стари и резервоарите за вода кои скоро и да не се чистат.

10. Иако во авионите пушењето е забрането, сепак во тоалетите може да се најдат пепелници. Објаснувањето е дека ако некој го прекрши правилото и падне во искушение да запали цигара во тоалетот, тогаш мора да има сигурно место каде што ќе ја изгасне цигарата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

  1. Луди Макс Reply

    Пријателе, си можел да се информираш дека уклучените мобилни апарати можат да влијаат врз системите за летање, односно дека преку интереференција/мешање на тие два сигнали може да се случи целосно откажување на некој од системите, на пример, системот за спуштање на трјаката (греВота е што некој/а е стварно мрзлив во условни на информациско доба)

    Поздрав и до редакцијата

Остави коментар