10 светски познати идеи што почнале како соништа
Повеќето соништа немаат некоја вредност, како одењето во продавница без облека или паѓање на испитот кој сте го положиле пред многу години. Но понекогаш некои луѓе имаат соништа кои ги инспирираат да создадат нешто ново. Уште поретко, некои од овие соништа стануваат светски познат феномен.
1. Првиот периоден систем на елементите
Димитри Менделеев роден во 1834-та година бил познат хемичар. Тој сакал да открие логичен и научно прифатен начин за класифицирање на откриените елементи. Иако тој верувал дека постои решение за овој проблем, сепак не можел да го открие. Една вечер имал сон во кој сите негови мисли се средиле. Во неговиот дневник тој запишал:
„Во сон видов табела каде што сите елементи си беа на своето место. Кога се разбудив веднаш го запишав сонот.“
Тој направил табела каде што ги сортирал елементите по нивната атомска маса и ја објавил во 1869-та година. Ова била основата на модерниот периоден систем во кој елементите се подредени по бројот на протони во нивните атоми.
2. Филмот „Терминатор“ (Terminator)
Џејмс Камерон ја добил идејата за еден од најпознатите научно фантастични филмови во сон кога имал температура од 39 степени Целзиусови. Во тој период бил во Рим и го доработувал филмот „Пирана 2“ (Piranha II). Тој сметал дека треската и чувството на изолација во туѓа земја го предизвикале кошмарот кој го инспирирал „Терминатор“. Во сонот, Џејмс бил во чуден футуристички свет. Тој видел торзо од робот кое користело кујнски ножеви за да избега од експлозија. Идејата за робот убиец кој е невозможно да се сопре му се допаднала, па тој го запишал сонот и така настанал познатиот филм.
3. Гугл
Додека бил на факултет во 1996 година, Лери Пејџ имал чувство дека единствената причина што го примиле била грешка. Помислата дека во секој момент може да го избркаат од факултет му предизвикувала анксиозност, а ова чувство предизвикало и чуден сон. Тој сонувал како го симнува и го складира Интернетот на разни компјутери. Кога се разбудил, поработил на математиката за да види дали е тоа возможно. Поради обемноста и проблеми со меморијата, било невозможно да се зачуваат сите веб-сајтови на еден компјутер. Но, тоа било возможно ако веб-сајтовите биле складирани како индивидуални линкови. Ова му дало идеја на Пејџ да ги спои линковите од веб-сајтовите низ целиот свет и да направи пребарувач. Со текот на времето идејата се претворила во Гугл.
4. Теорија за релативност
Едно од најпознатите откритија на Алберт Ајнштајн е инспирирано од чуден сон. Тој сонувал како гледа крави кои јаделе преку електрична ограда, но на кравите како да не им било ништо. Ајнштајн ја допрел оградата и сфатил дека не е вклучена. Тогаш некој фармер се приближил и ја вклучил, а сите крави во исто време се оддалечиле од оградата. Ајнштајн разговарал со фармерот за оддалечување на кравите. Збунет, фармерот му кажал дека кравите се оддалечувате една по една. Кога се разбудил, сонот го натерал Ајнштајн да сфати дека еден набљудувач може да ги гледа настаните во исто време, додека друг истите настани ги гледа во секвенца. Ова ја формирало основата на теоријата за релативност.
5. Книгата „Некрономикон“ (Necronomicon) од Х. П. Ловкрафт
Една од најпознатите книги за злото е навистина мистериозна. Ловкрафт изјавил дека Некрономикон значи „Слика на законот на мртвите“ на грчки јазик. Сепак ова предизвикало контроверзии за тоа дали преводот е точен. Тој тврдел дека оригиналната идеја зад името ја добил од сон.
Продолжува на следната страница…