10 супермоќи што ги имаат само бебињата
За да сфатите колку се неверојатни и интересни бебињата, треба да ги видите. Бебињата се извонредни суштества, а овие факти само ќе го потврдат тоа.
1. Бебињата не плачат
Иако изгледа како постојано да плачат, тие всушност само викаат. Нивните канали за солзи се затворени, па не можат да произведат солзи.
2. Одлично им е под вода
Ова е наречено рефлекс за нуркање кој исчезнува кога бебињата ќе наполнат 6 месеци. Кога ќе ставите бебе во вода, тоа природно престанува со дишењето, а неговите екстремитети прават движења за пливање.
3. Тие голтаат и дишат во исто време
Кога голтаат, отворот кон нивниот респираторен тракт не е блокиран. Па поради ова новороденчињата можат да голтаат и да дишат во исто време.
4. Ако е потребно, бебињата може да киваат многу пати
Назалниот канал кај бебињата е многу потесен од оној на возрасните, па треба да биде чистен почесто. За негово чистење, бебињата користат кивање.
5. Лесно заспиваат
Многу луѓе мислат дека кога новороденчето спие тие треба да бидат тивки. Кога спијат, бебињата не ги чувствуваат звуците околу нив.
6. Имаат природен акцент
Научниците откриле дека бебињата плачат со акцент кој го добиле слушајќи го гласот на нивната мајка додека биле во матката.
7. Новороденчињата можат да лазат
Изненадувачки е фактот дека новородените бебиња можат да лазaат до дојката на нивната мајка. Но за ова треба да го ставите бебето на стомакот на мајката. Според научниците, бебињата се привлечени од мирисот на млеко кој ги води.
8. Многу се флексибилни
Скелетот на бебето има околу 300 коски. Со текот на времето многу од нив сраснуваат со други. Но пред да се поврзат коските, телото на бебињата е многу флексибилно. Оваа природна појава е за да се овозможи поедноставно раѓање на новороденчето.
9. Нивната коса може драстично да се промени
Со текот на времето косата на децата може целосно да се промени. Малата косичка со која се родени паѓа и остава простор за нова. Па затоа русокосите бебиња може да станат бринети, а витканата коса да ја замени права.
10. Бебето може три пати да ја зголеми својата тежина, а да не биде дебело
Во првите години од животот, бебињата се развиваат многу брзо. Во текот на овој период нивната тежина може да се зголеми дури три пати. Сепак, тоа не се забележува бидејќи тие растат многу брзо.
Погледнете ги и овие прекрасни приспивни песнички кои веднаш ќе го заспијат вашето бебе.