10 страшни проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите не ги сфаќаат сериозно

10 страшни проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите не ги сфаќаат сериозно

Мажите обично мислат дека на жените им е многу лесно во животот поради тоа што постојано добиваат бесплатни пијачки и комплименти. Да, навистина е супер да се биде жена, но тоа си повлекува многу непожелни, па дури и опасни ситуации. Мажите не се свесни дека жените постојано се соочуваат со закани за злоупотреба, луѓето не ги сфаќаат сериозно и ги гледаат како да се предмети. Можеби ова звучи здодевно, но тоа се проблеми кои навистина постојат во реалноста и не треба да се припишуваат на фактот дека жените се премногу чувствителни и сакаат да драматизираат. Ова се 10-те проблематични работи со кои жените постојано се соочуваат, а мажите не ги сфаќаат сериозно…

10 проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите немаат поим за тоа

1. Стравот за нивната безбедност е реален

Жените постојано се плашат за нивната безбедност и тој страв е реален, бидејќи тие навистина многу често се изложени на разни опасности. Замислете си ја следната ситуација: Друштво од девојки се излезени на пијачка и некои испијанети момци постојано им пуштаат пијачки. Девојките ги одбиваат, но момците не се откажуваат и стануваат многу нападни. Можеби нема да ги повредат вистински, но на девојките ќе им биде многу непријатно и во глава постојано ќе им се врти мислата „Што ако станат насилни?“.

2. Сексуалната злоупотреба е проблем со кој жените се соочуваат уште од рана возраст

Девојчиња штотуку влезени во пубертет на возраст од 12 години, па дури и помали, се соочуваат со непристојни коментари многу почесто одошто мислите. Со самото појавување на првите знаци на женственост, мажите почнуваат да ги гледаат како предмети и да даваат несоодветни коментари со сексуална конотација. Помислата дека навистина живееме во такво општество е повеќе од вознемирувачка.

3. Жените се подготвени да преземат екстремни мерки за да се чувствуваат безбедно

Мажите не можат да разберат зошто жените ги одбегнуваат темните улички и гледаат набрзина да поминат низ паркот кога се враќаат дома доцна навечер. Вистината е дека предатори демнат од сите страни и жените постојано мислат на сите незгодни ситуации во кои би можеле да се најдат доколку не се доволно внимателни.

4. Возрасната дискриминација постои и надвор од Холивуд

Жените се сметаат за бескорисни кога ќе стигнат до оние години кога не можат повеќе да раѓаат деца. Потоа тие стануваат стари, нервозни жени кои не се сфатени сериозно. Се верува дека менопаузата е главниот виновник за сите нивни чувства и расположенија. Помладите постојано им велат дека ги потсетуваат на нивните мајки или баби и тука нема ништо лошо, сѐ додека не помислат дека постарите жени се навредиле од таа констатација. Убаво е да му кажете некому дека ве потсетува на личност која ја сакате, но навреда е да забележите дека изгледа старо. Поради тоа, жените секојдневно губат самодоверба и не се осмелуваат гласно да го искажат нивното мислење и став.

10 проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите немаат поим за тоа

5. Болката е неминовен дел од нивниот живот

И покрај нивните менструални болки и мигрени, тие одат на работа, се грижат за семејството и ги извршуваат секојдневните обврски. Мажите имаат навика да ги обвинуваат жените за време на „оние денови“ и да им велат дека се напорни и премногу чувствителни, но наместо тоа би требало да им аплаудираат што и покрај болката (која тие не можат ни да си ја замислат) тие успеваат да ги завршат сите задачи и нормално да функционираат. Со други зборови, секоја жена што ја познавате е суперхерој на некој начин.

6. Не е толку прекрасно да се има гради

Жените со големи гради се соочуваат со големи проблеми. Тоа влијае на нивното одржување рамнотежа, им предизвикува болки во грбот и ги спречува да извршуваат некои најобични физички активности, како што е трчањето. Доколку немате гради, обидете се да трчате со тегови закачени на градниот кош и ќе видите колку е забавно.

7. Потребно е многу труд за жените постојано да изгледаат одлично

Мажите немаат поим колку препарати жените користат за да изгледаат онака како што изгледаат и да остават добар впечаток. Не им е позната маката што доаѓа со пеглата за коса и секојдневната депилација. А да не зборуваме за сите третмани низ кои треба да поминат за кожата да им биде мазна и мека.

10 проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите немаат поим за тоа

8. Понекогаш добивањето менструацијата може да ги изненади и да ги фати целосно неподготвени

Жените никогаш не знаат со сигурност кога ќе добијат менструација и сите барем еднаш во животот биле изненадени од нејзиното ненадејно доаѓање. Тоа може да се случи во кое било време и на кое било место: Додека одржуваат важна презентација пред шефот, додека џогираат, за време на сексуален однос… Будењето во базен од сопствената крв воопшто не е забавно, но мажите тоа никогаш не би можеле да го разберат.

9. Понекогаш на жените им е навистина тешко да бидат сфатени сериозно

Нивните здравствени проблеми не се сфаќаат сериозно, болката што ја доживуваат се смета за нереалистична и сликата што ја имаат за сопственото тело е целосно игнорирана. Тоа предизвикува голема фрустрација и е главната причина зошто жените стануваат напорни и нервозни.

10. Многу добро се запознаени со темната страна на љубовните состаноци

Со излегувањето на љубовни состаноци или сексуалните односи за една вечер, жените буквално му овозможуваат влез во нивниот живот на потенцијално опасен странец. Тие мораат да имаат целосна доверба дека нивната безбедност нема да биде загрозена, ако сакаат да создадат емоционална поврзаност со некого. Денес, со развојот на социјалните мрежи, жените се изложени на уште поголем ризик бидејќи комуникацијата со непознати луѓе се остварува на премногу лесен начин, а никогаш не можете со сигурност да знаете кој се крие зад профилната фотографија на Фејсбук или Инстаграм.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар