10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати
Напредувањето на технологијата им дозволува на научниците да бидат навистина креативни со нивните цели. Но со сите експерименти што ги прават, резултатите не се секогаш најдобри. Некои резултати покажале вознемирувачка врска помеѓу луѓето и роботите, или полошо – тенденцијата за мачење беспомошна жртва постоела дури и кај најдобрите луѓе. Погледнете ги овие експерименти кои дале навистина чудни резултати.
1. Козите сакаат среќни луѓе
Козите се познати како паметни животни, а едно истражување од 2018-та година покажало дека имаат уште една особина – можат да ги разликуваат изразите на лицата на луѓето. Во првата фаза од експериментот козите биле тренирани да изодат на другиот крај од трлото каде што добивале храна. Во втората фаза биле додадени и две фотографии од мажи и жени кои козите ги немале видено претходно. На едната фотографија имало среќна, а на другата намуртена личност. Се покажало дека козите секогаш се доближувале кон фотографијата со среќното лице, без разлика дали на неа имало маж или жена.
2. Недела со 4 денови
Во 2018-та година една компанија од Нов Зеланд направила голема промена – цели два месеца им овозможила на работниците да работат само 4 денови во неделата без да им ја намалат платата. Повеќето бизниси би го гледале ова како ризик, но резултатите биле неверојатни. Стресот на вработените се намалил од 45% на 38%, а рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот се зголемила од 54% на 78%. Најдоброто нешто било што се зголемила целокупната продуктивност и покрај помалиот број работни денови. Исто така се забележало дека врските помеѓу вработените се подобриле и луѓето навистина уживале во нивната работа.
3. Октоподи на екстази
Минатата година имало навистина чуден експеримент во кој учествувале 2 октопода, две акциони фигури од „Војна на ѕвездите“ и неколку екстази, односно МДМА. За оваа дрога е познато дека го преплавува мозокот со серотонин и прави луѓето да бидат посоцијални.
Кога се трезни, октоподите се самотници. Во експериментот се избегнувале еден со друг, вклучувајќи ги и играчките. Но кога им дале екстази, тие се однесувале исто како и луѓето и почнале да се „дружат“ и да си играат со играчките. Интересно е што нашите и нивните мозоци ги немаат истите региони, но еден единствен ген од човечкиот геном и од октоподите совршено се совпаднал. Никој не очекувал социјално поврзаните генетски и нервни патишта да постојат и кај други суштества.
4. Самостојни бубрези
Денес научниците можат да „одгледаат“ минијатурни верзии од човечките органи. Во 2018-та година во една лабораторија го направиле ова со мали бубрези од матични клетки. По 4 недели бубрезите биле подготвени. Експериментот бил направен така што од матичните клетки ќе растат само клетки за бубрези, но она што се случило ги изненадило сите. Поради некоја причина, малите бубрези станале самостојни и почнале да растат мозочни и мускулни клетки, кои зафаќале 20% од целиот орган. Друго неочекувано откритие било тоа што бубрезите одгледани во лабораторија одбивале да созреат, без разлика како ги одгледувале.
5. Децата им веруваат на роботите што лажат
Во истражување од минатата година на околу 43 деца на возраст од 7 до 9 години им било кажано да најдат две еднакво долги линии на екран. Одговорот бил очигледен и кога биле сами, децата дале точен одговор 87% од времето. Подоцна во истражувањето биле вклучени и роботи – секогаш кога детето требало да ги најде линиите, роботот му давал погрешен одговор. Иако одговорот бил лесен, децата се сомневале во себе и барале помош од машините. Го правеле ова толку често што точноста се намалила на 75%. Тие само ги следеле инструкциите на роботите, понекогаш и целосно.
Кога бил повторен експериментот со возрасни, тие ги игнорирале роботите. Децата најверојатно се соочиле со моќното верување дека роботите се поспособни од нив.
Продолжува на следната страница…