10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

На сите барем еднаш им се случило да влезат во продавница по едно нешто, а да излезат со неколку кеси. Најверојатно, после ова се чувствувате навистина лошо. Во продолжение погледнете кои се ситуациите и причините поради кои губите контрола и купувате непотребни работи.

10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

1. Дидеровиот ефект

Ова се случува кога ќе купите нешто ново, а потоа сè што имате ви изгледа старо и износено. На крај одлучувате да ја замените цела гардероба. Ова е затворен круг бидејќи што било што ќе купите, набрзо го губи својот „сјај“ и се создава потреба за нешто ново.

Ефектот е именуван по филозофот Денис Дидерот кој во еден момент во животот добил многу пари, па си купил прекрасно ново одело. Ова парче облека било толку поразлично од сè друго што имал, па решил да ја замени целата облека. За да се ослободите од овој ефект, потребно е да станете свесни за она што го купувате и пред да купите што било, размислете за вашите желби и надежи во врска со купувањето.

2. Ефект на снобизам

Кога купувате работи што другите не можат да си ги дозволат само за да се истакнете, тогаш станува збор за снобизам. Многу луѓе сакаат да бидат во центарот на вниманието, а новото парче облека е одличен начин да го постигнете тоа.

Решението е добро да размислете за што сте горди, за што сакате да разговарате и која област ви е добро позната. Кога ќе размислите за ова, ќе сфатите дека има многу други начини да се истакнете и без нова облека.

3. Следење трендови

Ова е целосно спротивно на снобизмот и купувањето е поттикнато од желбата да имате нешто што го имаат другите. Луѓето често купуваат блузи, шешири или чевли кои воопшто не се нивен стил, само затоа што се популарни во овој момент.

Решението за ова е навистина едноставно – пред да купите нешто, запрашајте се дали навистина ви е потребно и дали воопшто сакате да го имате.

4. Купување „за во иднина“

Луѓето сакаат да бидат позитивни, па често се случува да купат парче облека кое би им било точно доколку ослабат.

Важно е да знаете дека овој „поттик“ нема да се исплати. Купувањето на тоа парче облека нема да ве направи послаби, ниту пак да ве мотивира да не изедете уште еден ред чоколадо.

5. Импулсивно купување

Колку пати сте имале лош ден и сте решиле да се почестите со нови чевли или чанта? Можеби пак сте добиле покачување на платата и сте решиле да си купите нешто мало, но на крај сте завршиле со прескап фустан кој нема ни каде да го носите. Среќата што ја чувствувате во овој момент брзо исчезнува, а она што сте го купиле секогаш ќе ви предизвикува грижа на совеста.

Решението за импулсивното купување е во самиот проблем. Ова се случува кога луѓето се негативни и кога сакаат да се усреќат. Обидете се да најдете друга активност што ќе ви го подобри расположението и што ќе ви помогне да го намалите стресот.

6. Трикови во продавниците

Музиката, топлите бои и насмевките на продавачите имаат големо влијание врз купувачите. Удобната атмосфера и вниманието што го добивате во продавницата ќе ве поттикнат да купите нешто.

За да го избегнете ова, најдобро е да влегувате во продавница слушајќи ваша музика и кога не сте гладни. На овој начин ќе ги избегнете маркетиншките трикови и ќе го купите само она што навистина ви треба.

7. Купување на попусти

Ова е најчестата причина зошто луѓето купуваат работи што не им се потребни. Кога купувате на попуст, имате чувство дека сте заштедиле, кога всушност сте потрошиле многу за работи кои веројатно не ви се ни потребни.

Кога купувате на попуст, добро размислете што ви треба. Немојте да купувате нешто ново доколку дома имате ново парче облека што никогаш не сте го облекле.

8. Купување поевтини опции

Многу луѓе сакаат да заштедат така што купуваат поевтина верзија од нешто што навистина им е потребно. Предностите можеби се големи, но веројатно и самите знаете дека поевтините продукти од непознати брендови имаат пократок рок на траење, а поправката може да ве чини многу.

Пред да купите што било, добро информирајте се за квалитетот на продуктот и неговата цена. Доколку купувате нешто што ќе го користите долго време, подобро е да вложите сега, наместо да треба да го заменувате или поправате за брзо време.

9. Влијание на продавачите

Добрите продавачи можат да ги проценат нивните муштерии, а оние кои трошат најмногу се неодлучните. Продавачите често ќе ви понудат некое парче облека што би одговарало со она што сте го одбрале, па неретко излегувате од продавница со цела кеса облека.

За да го избегнете ова, секогаш имајте на ум што сакате да купите и не дозволувајте да ви влијаат зборовите на вработените.

10. Страв

Дали целото ваше детство мајка ви ви кажувала дека нешто е прескапо и дека нема пари за нешто што навистина го сакате? Сега, кога можете да си дозволите нешто, можеби ќе го купите од страв дека подоцна ќе немате пари за истото.

Важно е да се запрашате што е она што навистина ви треба, а што се неисполнети желби од детството. Кога ќе размислувате на овој начин, ќе сфатите дека ви е подобро да ги потрошите парите за искуство или нешто што ќе ви помогне, наместо за уште едно парче облека што ќе го заборавите во гардероберот.

Погледнете и кои се триковите со кои продавачите ве тераат да купувате повеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар