10 ситуации кои ве претвораат од добри во најдобри пријателки

10 ситуации кои ве претвораат од добри во најдобри пријателки

Лесно е да најдете добри пријатели, но оние најдобрите не се наоѓаат – нив ги создава животот. Во многу животни ситуации можете да препознаете дали имате покрај себе вистинска пријателка, а дел од нив се и следниве 10…

10 ситуации кои ве претовараат од добри во најдобри пријателки

1. Вие сте редовен гостин на нејзините фамилијарни собири, а таа на вашите. Родендени, новогодишни забави, скара… Вие не можете да ги замислите сите овие настани без вашата најдобра пријателка покрај вас.

2. Само таа ги знае сите ваши непријатни моменти. Сите ние сме доживеале непријатни ситуации поради кои и ден денес црвенееме ако се потсетиме, но само разговорот со најдобрата пријателка може да ги трансформира од непријатни во забавни.

3. Секогаш го давате вашето искрено мислење. Ако вашата пријателка се врати од фризерскиот салон незадоволна и несигурно ве праша дали добро ѝ стои новата боја на коса, вие никогаш не би ја излажале доколку не ви се допаѓа. Од друга страна пак, ни вие не ѝ се лутите кога таа искрено ќе ви каже дека новите фармерки ви се претесни и не ви стојат добро…

4. Вие секогаш ја земате нејзината страна во расправии. Исто како и она вашата. Вие секогаш сте подготвени да го заштитите нејзиниот грб доколку е потребно и знаете дека истото би го направила и она за вас.

5. Отворено разговарате за љубовта и сексот. Не постои ништо од вашата врска за кое не би можеле искрено да разговарате. Започнувајќи од емоциите, па сè до игрите помеѓу чаршафите, вие искрено ѝ се доверувате за сите ситници од вашиот љубовен живот.

6. Она е првата личност на која помислувате по тешко раскинување. И покрај тоа што таа ги знае сите детали од вашата врска, по раскинувањето едноставно имате силна потреба да разговарате со неа за тоа што се случило. Таа најдобро може да разбере за што станува збор, па бидејќи добро ве познава, знае и точно што ви е потребно да слушнете од неа.

7. Меѓусебно си доверувате тајни кои сте ветиле дека нема да ги кажете никому. Иако ретко кој би го признал тоа, најдобрите пријателки знаат да се консултираат во ситуации кога сакаат да помогнат некому, но не знаат како тоа да го направат. Исто така тие никогаш не би кажале, доколку знаат дека таа не би ја сочувала оваа тајна.

8. Заедно поминувате низ тешки животни настани. Болест, смрт на блиска личност… Во овие ситуации најдобро можете да го препознаете вашиот најдобар пријател. Вие сте секогаш една покрај друга, и во добрите и во лошите моменти од животот.

9. Планирате заедничка иднина. Вие лесно можете да замислите како ќе изгледа вашиот живот во староста, па токму затоа и често зборувате за тоа, правите планови и на шала си кажувате дека ќе ги „натерате“ и вашите деца да бидат најдобри пријатели. Вие едноставно не можете да си го замислите животот една без друга, дури и ако тој ве одведе во спротивна насока.

10. Можете да седите во тишина, не правејќи ништо, и да ви биде пријатно. Чувството на пријатна тишина е едно од најдобрите на светот, но може да биде остварено само покрај личности кои ги сакате и на кои искрено им верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар