10-секунден начин да го дезинфицирате вашиот далечински управувач
Се сеќавате ли кога последен пат го исчистивте вашиот далечински управувач? Сигурно нема да можете да се сетите. А дали знаете оттогаш колку пати членовите на вашето семејство се разболеле и гледале телевизија, користејќи го управувачот со раце полни бактерии? Со цел да го заштитите вашето здравје, како и здравјето на вашите најблиски, погледнете го следниов начин на кој можете брзо и едноставно да го исчистите најнечистиот уред во вашиот дом.
За најголем ефект, потребни ви се гел за дезинфекција на раце, хартиена крпа и чепкалка за уши. Најпрво извадете ги батериите од далечинскиот управувач, а потоа ставете малку од гелот за дезинфекција за раце врз хартиената крпа. Исчистете го најдобро што можете, а кога ќе ви останат најмалку достапните нечисти места околу копчињата, ставете од гелот и на чепкалка за уши и поминете го уште еднаш со неа.
За само неколку секунди вашиот далечински управувач ќе биде дезинфициран и ослободен од сите оние лоши бактерии кои секогаш успеваат да го најдат својот пат до вашето тело. Сега слободно можете да ги вратите батериите во него и да продолжите со гледање на вашите омилени ТВ серии.