10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини - Part 2

10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини

6. Училишни автобуси

10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини

Иако жолтите автобуси не се карактеристични кај нас, оваа боја се употребува поради безбедносни причини. Контрастните бои жолта и црна, им помагаат на учениците полесно да ги препознаат училишните автобуси, особено наутро кога треба да се качат во нив. Овие две бои им помагаат на другите возачи да ги забележат училишните автобуси и за време на вечерните часови.

7. Такси

10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини

Слично како и со училишните автобуси, жолтата боја му овозможува на таксито да биде полесно препознаено. Жолтата е боја што на патот лесно се истакнува од другите.

8. Фудбалска топка

10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини

Кога фудбалските топки почнале да се прават од пластика, сите биле бели. Сепак, компанијата „Адидас“ решила да им додаде и црна боја. Црно-белите топки можеле полесно да се забележат на телевизија затоа што во тоа време сликите на телевизорот биле црно-бели.

9. Тоалетна хартија

10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини

Тоалетната хартија има бела боја затоа што е избелувана. Без белилото, хартијата би имала кафеава боја. Тоалетната хартија ја нема во многу бои затоа што компаниите ќе треба да ја бојат и така ќе чини повеќе пари. Тоа значи дека тоалетната хартија е бела затоа што е поекономична.

Сепак, тоа не е единствената причина за нивната боја. Обоената тоалетна хартија не се распаѓа толку брзо. Исто така, многу лекари ја поврзуваат обоената тоалетна хартија со некои здравствени ризици. Белата тоалетна хартија е најбезбеден избор.

10. Платформи за социјални медиуми

10 секојдневни предмети што имаат специфична боја поради неколку добри причини

Иако платформите за социјални медиуми имаат различни бои во нивните логоа, многу од нив ја користат сината боја. Тоа е така затоа што сината боја е поврзана со интелектот и со умот кои пак, се поврзани со чинот на комуникација. Оваа боја симболизира и безбедност и сигурност. Компаниите за социјални медиуми сакаат луѓето да се чувствуваат безбедно додека комуницираат со останатите, па затоа се решиле за сината боја.

Ве фасцинира бројот на бои кои постојат? Проверете колку добро ги разликувате со помош на овој тест кој успешно го поминуваат помалку од 1% од луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар