10 работи за Турција што веројатно не сте ги знаеле
Турција е целосно различен свет полн со автентични и неверојатни нешта што нема да ги пронајдете во другите држави. Природата е неверојатна, животниот стил опуштен, а луѓето се гостопримливи и ретко зборуваат англиски или некој друг јазик. Ова е држава што навистина мора да ја посетите.
1. Турски одморалишта
Турција има многу неверојатни места што нема да можете да ги заборавите. Едно од овие места е Кападокија. Ова свет полн со неверојатни пејзажи и историја. Речиси е невозможно да најдете нешто слично во некоја друга држава. Во Кападокија можете да живеете во хотел во пештера или да летате со балон. Ова е едно од најромантичните места во светот, па е одлично за патување со партнерот. Државата ја посетуваат многу туристи, но можете да најдете и навистина мирни места.
2. Турски појадок
Турскиот појадок е навистина различен од она на коешто се навикнати повеќето луѓе. Колку повеќе мали чинии, толку подобро. Овде ќе најдете разни видови џем, маслинки, сирење, месо, мед, разни видови леб, јајца и се разбира, овошје и зеленчук.
Во Турција е традиција да се собирате со пријателите и роднините за време на појадок, особено во текот на викендите. Понекогаш можете да забележите и 20 луѓе заедно во ресторан. Едно од најважните нешта е да бидете разговорливи и да не чувате тајни.
3. Турска симит погача
Пекарите во Турција се навистина традиционални. Овде можете да пробате и турска симит погача. Тоа е кружно лепче со сусам што наликува на ѓеврек. На многу места ќе забележите дека наутро поминува човек што ги продава овие погачи. Ако сакате да купите, само отворете го прозорецот и викнете му.
4. Шопинг во Турција
Постојат многу трговски центри во Турција, но најинтересни се хаотичните пазари. Овде постојат само две правила – ценкање и што е можно повеќе кеси. Кога ќе ги посетите овие пазари навистина ќе се изгубите низ многуте нешта. Секој продавач ќе се обиде бесплатно да ве нахрани со домати, маслинки или јаткасти плодови. Нема никогаш да си заминете гладни. Нормално е да пробате нешто пред да го купите. И се разбира, ако не се ценкате нема вистински да го доживеете шопингот во оваа држава. Побарајте барем да ви дадат нешто мало без пари ако не сакаат да ви ја спуштат цената. Треба да бидете навистина силни за да не купите нешто што не ви треба.
5. Транспорт во Истанбул
Постојат многу видови јавен превоз во Истанбул, но можеби најдобри се траектите. Замислете наутро да не одите на работа со автобус, туку со траект. Навистина релаксирачко патување. Истанбул се наоѓа на 2 континенти и понекогаш луѓето треба да патуваат многу од Европа до Азија и обратно. Па, не е чудно што повеќето луѓе го одбираат овој превоз за да стигнат до другиот крај на градот. Уште подобро е што ова чини околу 1 евро.
Продолжува на следната страница…