10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

Депресијата е сѐ почест проблем во денешно време и многу млади луѓе страдаат од неа. Но, и покрај нејзината голема застапеност, сѐ уште не се посветува доволно внимание на неа. Луѓето кои имаат ваков проблем не се сфатени сериозно и честопати другите мислат дека се преправаат и дека ги преувеличуваат работите. Реалноста е дека проблемот е многу посериозен отколку што мислите. Иако секој човек различно поминува низ депресијата, сепак постојат неколку универзални вистини кои можат да ви помогнат подобро да го сфатите ова нарушување. Во продолжение прочитајте кои работи треба да ги знаете за депресијата…

10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

1. Депресијата може да е генетски предодредена

Најновите истражувања покажуваат дека можно е да постојат биолошки предиспозиции за појава на депресија. Пронајдени се одредени локации во човечката ДНК кои можат да се поврзат со ова нарушување. Научниците откриле дека постојат околу 15 гени кои можеби се виновници за појавата на депресија. Станува збор за истите гени кои се одговорни за развојот на невроните во мозокот.

2. Депресијата е физичка болест

Депресијата има многу физички симптоми кои ги надополнуваат емотивните компоненти. Луѓето со ова психичко нарушување честопати имаат промени во апетитот, главоболки и нарушен сон.

3. Научниците постојано наоѓаат нови, ветувачки терапии

Неодамнешните истражувања откриле дека нов вид на терапија преку разговор може да им помогне на пациентите да научат како да се справат со ситуациите кои ја поттикнуваат депресијата. Станува збор за ефикасна терапија која нема да чини многу. Одредени лекови исто така можат да бидат корисни за луѓето кои страдаат од ова психичко нарушување.

4. Депресијата е многу честа појава

Околу 350 милиони луѓе на глобално ниво страдаат од депресија. Таа една од најчестите психички нарушувања во светот.

5. Може сериозно да влијае на работата на човекот

Еден од главните симптоми на депресијата е недостатокот на мотивација, што може да остави белег на професионалниот живот на еден човек. Ова психичко нарушување значително ја намалува продуктивноста на вработените, што доведува до намалена заработка па дури и губење на работата.

10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

6. Секому може да му се случи

Депресијата, како и секое друго психичко нарушување, може да му се случи секому, без разлика на возраста, општествената класа или националната припадност. Познато е дека еден од најпопуларните комичари во светот, Робин Вилијамс, пред две години го одзема животот токму како последица од ова нарушување. Деми Ловато и тенисерот Андре Агаси исто така имаат јавно говорено за нивното искуство со депресијата.

7. Постојат многу стереотипи поврзани со депресијата

Негативните стереотипи кои кружат околу психичките нарушувања се многу чести. Термините за менталните заболувања се користат како навредувачки имиња или туку-така се споменуваат во секојдневните разговори. Исто така, многумина ги поврзуваат и со насилство. Сите овие предрасуди можат да доведат до лажна перцепција за психичките нарушувања.

8. Многумина не зборуваат отворено за она што им се случува

Стравот од осудување и срам честопати ги замолчува оние кои страдаат од психички нарушувања. Тоа може да ги спречи да побараат помош и соодветна терапија, што е особено честа појава кај мажите. Според едно истражување од 2015 година, постои голема веројатност дека мажите нема да зборуваат отворено доколку размислуваат за самоубиство.

9. Во најлош можен случај може да доведе до самоубиство

Психичките нарушувања можат да бидат многу сериозни. Поради тоа, многу е важно да се добие потребната лекарска помош и сочувство од блиските. 90% од самоубиствата се последица од некакво ментално заболување.

10. Депресијата не ја дефинира личноста

Депресијата не е личен недостаток или маана. Идентитетот на еден поединец не зависи од неговото психичко нарушување. Менталните заболувања можат да се контролираат со вистинската терапија. Сосема возможно е да се живее среќен, здрав и исполнет живот и покрај депресијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар