10 работи што за среќа исчезнуваат во современиот свет
Во општеството постојат многу видови дискриминација и не можеме да смениме сè одеднаш. Но, некои работи веќе се променија или барем се во процес на промена. Промената значи дека имаме моќ.
Дали верувате дека може да се искорени дискриминацијата? Постојат работи што полека почнаа да исчезнуваат во современиот свет, а тој факт предизвикува чувство на оптимизам и верба во иднината. Човештвото може постепено да го промени ставот кон лицата со попреченост, кон расите, кон жените, па дури и да направи промени во модната индустрија.
1. Жените можат да бидат добри сопруги и мајки и сепак да работат на исто рамниште со мажите.
2. Луѓето со тетоважи не се криминалци, прават тетоважи затоа што им се допаѓаат.
3. Нема веќе модни стандарди, затоа што се прифаќаат сите облици и големини на телото.
4. Само вие одлучувате кога треба да се случат важните работи во вашиот живот.
5. Попреченоста веќе не е причина да зјапате и да покажувате со прст кон некого.
6. Бојата е само боја, без разлика дали е на кожата или на нешто друго.
7. Домаќинството веќе не е само женска работа.
8. Да имате прекумерна телесна тежина веќе не е срамно.
9. Никој не е премногу стар или премногу млад за да биде професионалец.
10. Децата треба да играат, а не да работат.
Современиот свет влијае врз нашиот организам, па прочитајте кои се најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот.