10 работи што си ги кажуваме секој понеделник после бурниот викенд
Понеделник е! Време е за нов старт! Ова си го кажувате додека се будите со подочници, ставате шминка за да ги сокриете, се трудите на секој можен начин да си го освежите здивот и ставате што е можно повеќе парфем или колонска вода. Но, длабоко во себе посакувате уште еден ден екстра за да се одморите од викендот. Не се лесни тие моменти и затоа си ги кажувате овие работи…
1. Млад/а сум, сега ми е време да правам вакви работи. Еднаш се живее, не мора сите активности да ви се подредени на она што го бара работата или факултетот.
2. Ова беше тешка недела, ми требаше малку да се издувам. Работата и испитите се криви што пиевте цел викенд како да ви беше последниот во животот.
3. Страв ми е да видам колку пари ми останале во паричникот. Со оглед на тоа што не знаете колку точно сте испиле самите и уште колку сте честеле…
4. Треба да имам што да им раскажувам на моите деца и внуци. Од каде приказни ако нема и вакви викенди?
5. Другарите/другарките беа бетер. Можете да се тешите со ова со оглед на тоа што само нив ги гледавте како прават глупости, а не можевте да се видите самите себе.
6. Се надевам дека имаше кој да ги однесе дома сите другари/другарки. Ако вие сте стигнале дома, а сте одговорна личност како и нив, сигурно сега и тие се на работа или на предавања.
7. Барем не замарав никого… Или можеби замаравте?
8. А каков би бил животот без забава? Замислете овој викенд да го поминевте дремејќи на Фејсбук…
9. Следниот викенд ќе останам дома за добро да се изнаспијам. Пробајте да си го повторите ова кога ќе ви се јави некој да ве викне на нова забава.
10. Чекај да видам што ќе има во дискотеките следниот викенд… И тогаш ќе видите дека некој диџеј или бенд ќе свири таму, а згора на сè и тој/таа што ви се допаѓа ќе биде таму. Има и други викенди за одморање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.