10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

2017-та беше година полна со носталгија благодарение на поп културата. Добивме многу продолженија на старите филмски класици. Серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things) нè врати во 80-тите, а „Твин Пикс“ (Twin Peaks) повторно го оживеа ликот на агентот Купер и се соочивме со уште една мистерија на неверојатниот Дејвид Линч. Сите овие филмови и серии нè потсетуваат дека многу работи се промениле за неколку децении, а секоја генерација е многу поразлична од претходната благодарение на технолошкиот напредок. Технологијата се развива побрзо од кога било, па за што би читале децата во иднина од книгите или пак компјутерите? Ова се 10-те нешта кои децата родени во 2018-та година веројатно никогаш нема да ги искусат.

1. Долги и здодевни патувања

10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

Мобилните направи навистина го олеснуваат долгото патување. Но сепак луѓето немаат направено многу во последните години за да се скрати времето на патување. Неодамнешните истражувања во областа на транспортот можеби ќе го променат тоа. Суперсоничните авиони стануваат реалност и ќе можат да патуваат на големи растојанија за само неколку часа. Исто така овде е и технологијата хипер-јамка која можеби ќе се покаже како евтин и брз метод на патување.

2. Возачка дозвола

10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

Добивањето возачка дозвола на некој начин го претставува крајот на детството. Но додека да пораснат децата родени во 2018-та година, можеби ќе станат популарни беспилотните автомобили. Бидејќи поголемиот број сообраќајни несреќни настануваат поради грешка кај луѓето, користењето на овие автомобили може да спаси многу животи.

3. Биолошки монопол на интелигенција

10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

Беспилотните автомобили се само еден пример за тоа што сè може да се постигне со вештачката интелигенција. Денес има вакви системи кои ги надминуваат луѓето што се експерти во одредени области, како што е играњето шах. Сепак, експертите предвидуваат дека свесните системи со вештачка интелигенција се неколку децении подалеку. Напредните роботи веќе ја отстрануваат границата помеѓу човештвото и машините. Децата родени во 2018-та можеби никогаш нема да знаат како е да се работи или да се оди на факултет во период кога луѓето биле најпаметните суштества на Земјата.

4. Јазични бариери

10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

Друга ветувачка употреба на вештачка интелигенција е комуникацијата, и постојат големи шанси технологијата да ја отстрани јазичната бариера на Земјата. Алатките за комуникација, како Скајп, веќе имаат инстант преведувачи кои им овозможуваат на луѓето од неколку разни говорни подрачја да се разберат без проблем. Некои компании се обидуваат да ја усовршат технологијата до тој степен што ќе изгледа како рибата од „Автостоперски водич низ галаксијата“ (The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy), која веднаш преведува вонземски јазици за нејзиниот корисник.

5. Човештвото како вид од една планета

10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

Технологијата која ја подобрува човечката комуникација навистина може да го промени светот, но можеби ќе пронајдеме и начин да комуницираме со вонземски видови. Можеби световите кои ќе ги откриеме во овој период нема да имаат интелигентен живот, но ова откритие може да се случи во наредните неколку децении. Компанијата SpaceX работи на тоа да однесе луѓе на Марс, и се очекува патувањето да се оствари до 2024-та година. Па можеби децата родени во 2018-та нема да ги паметат луѓето како суштества кои биле само на една планета.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар