10 работи кои жените не ги знаат за своето тело

10 работи кои жените не ги знаат за своето тело

Автор: Зорица Тодорова

BuzzFeed повторно направија интересно видео. Овој пат се работи за десет работи кои жените најверојатно не ги знаат за своето тело – од варирањето на величината на градникот и доењето, до можните последици од високите потпетици. За што се работи, погледнете во видеото.

1. Градниците различно им стојат на жените во зависност од фазата од нивниот менструален циклус.

2. Консумирањето многу шеќери може да ве направи посклони кон габични инфекции.

3. Затоа пак, се верува дека пробиотичниот јогурт помага во нивното спречување.

4. Габичните инфекции се многу чести, дури околу 75% од жените се здобиваат барем со една во одреден период од нивниот живот.

5. Жените постојано имаат полни гради. Другите цицачи имаат полни гради само додека дојат.

6. Постојаното консумирање течности може да ѝ помогне на вашата вагина да биде постојано влажна, а со тоа да има поблаг мирис и вкус.

7. Брусницата е добра за вашиот мочен меур, таа ги спречува бактериите од лепење по неговите ѕидови.

8. Некои жени можат да почувствуваат кога овулираат. Болката се појавува само на едната страна долу во стомакот. Тоа се нарекува овулаторен синдром или mittelschmertz – германски збор за болка во средина.

9. Носењето високи потпетици може да предизвика „волчје око“. Овој коскевиден израсток се развива на зглобот на големиот прст на ногата што предизвикува тој да се накриви. Збогум потпетици!

10. Жените се раѓаат со 1 милион неразвиени јајце клетки во нивните јајници, но само 300-500 од нив ќе созреат помеѓу првата менструација и менопаузата. Молам???


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар