10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле - Part 2

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

6. Вишокот дупчиња на патиките

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Малкумина обрнуваат внимание на вишокот дупчиња на предниот дел од нивните спортски патики. Но, би требало да се знае дека тие имаат многу корисна улога: Нивната намена е убаво да ги сместат стапалата во патиките и да ги заштитат глуждовите од триење додека спортувате.

7. Дупката во лажицата за шпагети

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Дупката во лажицата за шпагети била направена за да го измерите точното количество на тестенини кои сочинуваат стандардна порција. Вистина е дека некои луѓе јадат повеќе, некои помалку, но дупката во лажицата е совршена за да го одредите просечното количество на шпагети кои еден човек би требало да го изеде.

8. Малото џепче во џебот на фармерките

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Најчестиот одговор на оваа мистерија е дека е наменето за чување контрацепција. Секако дека малото џепче може да се користи за тоа и за чување многу други работи, но тоа не била неговата оригинална намена. Најпрво се појавило на фармерките Левис во 1873 година и целта била да се користи за џебни часовници.

9. Дупката на капачето од пенкалата

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Постои популарно мислење е дека дупката на капачињата од пенкалата служи за да му дозволи на воздухот да помине низ белите дробови ако случајно се заглави во човечкото грло. Но, тоа не е точно. Доколку нешто се заглави во душникот на еден човек, мукозната мембрана ќе потече како реакција. Оваа дупка спречува капачето да биде апсорбирано во мембраната.

10. Парчето материјал што доаѓа со нова облека

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Овие парчиња материјал не се наменети за да бидат сошиени на облеката. Нивната цел е да се исперат со детергент или белило, така што би можеле да проверите како вашата нова облека ќе реагира на одредени видови хемикалии за перење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар