10 психолошки ефекти кои влијаат на нашето однесување

10 психолошки ефекти кои влијаат на нашето однесување

Понекогаш правиме некои работи за кои се прашуваме дали тие биле најлогичниот избор. Всушност зад секој наш избор се крие логика која нам понекогаш не ни е јасна. Погледнете ги овие 10 психолошки ефекти кои влијаат на нашите избори и ќе ви стане јасно зошто се однесувате на одреден начин во некоја ситуација.

1. Ефектот на сидро

(1)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Луѓето мислат дека многу полесно ќе проценат дали нешто вреди ако ја имаат оригиналната цена (дури и ако е лажна) како некој вид сидро. И нормално, продавниците често го користат овој трик. На пример, не би купиле блуза од 300 долари, но ако видите дека таа е намалена од 1.000 долари, ќе си помислите дека тоа е одлична зделка. Иако можеби 1.000 долари е измислена цена.

2. Одбивање на резултатот

(2)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Многу често оценуваме некоја одлука според резултатот од неа, а не според работите кои сме ги направиле за да ја постигнеме целта. Овој ефект го користат оние реклами чија цел е да ве насочат кон конечниот резултат, на пример купувањето на одреден производ. Па, ако сега имате нов ајфон, не можете да тврдите дека одлуката да ги истрошите сите пари на него била неправилна.

3. Парадоксот на избор

(3)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Парадоксот на избор вели дека колку повеќе избор имаме, толку е помала веројатноста да бидеме задоволни со тоа што конечно ќе го одлучиме. Понекогаш можете да купите нешто, а потоа да ви биде криво бидејќи подоцна истото било на попуст, или имало друг понов модел… Дури и ако конечната одлука е најдобрата, ние обично не сме задоволни бидејќи имало премногу избор.

4. Група илузии

(4)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Оваа илузија е карактеризирана со настојувањето да забележувате некаков систем во разни случајни ситуации. Ова особено им се случува на коцкарите и на луѓето кои ги сакаат знаците за судбината. И двата вида луѓе може грешно да ги толкуваат настаните.

5. „Резил“ ефект

(5)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Замислете си пар на прошетка, и едниот од нив се судира со некоја улична светилка. Другиот партнер нема да си помисли нешто лошо, туку уште повеќе ќе биде привлечен од партнерот кој се судрил. Ова се случува бидејќи совршеноста се доживува како одбивна, а грешките како атрактивни, само затоа што нè прават почовечни.

6. Кулешов ефект

(6)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Кулешов ефект е кога некој набљудувач, откако ќе види 2 сосема неповрзани сцени, потсвесно прави логична конекција помеѓу нив. Овој ефект успешно е користен и во кинематографија и во продавниците.

7. Негативност кон телото

(7)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Оваа „негативност кон телото“ е состојба каде што личноста смета дека е грда, и дека токму грдотијата е причината за нејзиниот неуспех во животот. Многу често овие луѓе се атрактивни, и проблемот е повеќе во самодовербата отколку во замислените недостатоци.

8. Пристрасност на преживеаните

(8)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Многу често ѝ судиме на некоја ситуација само според успешните луѓе (преживеаните) во неа и поради ова знаеме само една страна од приказната. На пример, љубоморни сме на бизнисменот кој се збогатил продавајќи светилки, иако не знаеме колку пати претходно не успеал.

9. Ефектот „недостижни“

(9)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Грубо кажано, станува збор за феноменот каде што луѓето кои се „недостижни“ секогаш се попривлечни.

10. Страв од убавина

(10)10-psiholoshki-efeti-koi-vlijaat-na-nasheto-odnesuvanje-kafepauza.mk

Дали сте забележале дека обичните луѓе ретко седнуваат до убави луѓе (на пример, во градски автобус)? Луѓето го прават ова само ако нема друго слободно седиште. Всушност, некои луѓе чувствуваат голема нервоза кога се во близина на убави луѓе. Овде спаѓаат возбуда, страв од сочувство, страв дека ќе ги фатат како гледаат… Овој стрес не се појавува кога личноста седи до просечен човек.

Прочитајте ги и овие психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар