10 професии од соништата кои никогаш не би помислиле дека постојат

10 професии од соништата кои никогаш не би помислиле дека постојат

Уште како мали, отсекогаш нѐ прашувале што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Нашиот одговор секогаш бил нешто интересно и возбудливо. Денес, голем број од луѓето имаат секојдневна работа, која за жал, ретко им го носи посакуваното задоволство. Сите посакуваме работа која ќе биде добро платена, а која сепак ќе предизвикува насмевка на нашето лице. Еве листа од 10 работни места кои секој би ги посакал.

10 професии од соништата кои никогаш не би помислиле дека постојат

1. Мајстор за чоколади

Ако имате желба да креирате работи, тогаш работата со храна е совршена за вас. Имено, најинтересните професии поврзани со храната се оние кои ги вклучуваат десертите. Како што кажува името, овие слаткари работат ексклузивно само со чоколадо создавајќи интересни форми, десерти и бонбони за да ги восхитат своите клиенти од сите возрасти. Да ве плаќаат за да си играте со чоколадо не звучи ни малку лошо. Особено кога ги усреќувате луѓето.

2. Гумолог

Ова е дефинитивно е сонот на сите деца. Вашата работа се состои од тоа што ги испробувате сите вкусови на мастики и ги оценувате новите продукти и развојни процеси на компаниите за мастики. Без разлика на нивната мала големина, секое парче мастика бара големо внимание и многу истражување што е дел од работата на гумологот. Интересна работа, нели?

1-10-profesii-od-sonistata-koi-nikogas-ne-bi-pomislile-deka-postojat-kafepauza.mk

3. Дублер за светло и камера

Во одреден период од животот сите сме сакале барем еднаш да бидеме актери. Постои слична работа како таа на актерите, со мала разлика што ваквата личност е со сличен изглед на ѕвездата. Таа застанува на местото од актерите додека се прилагодат светлото и аголот на снимање. Актерите се премногу зафатени и затоа се појавува потреба од ваков човек. Плус, ја добивате целата фама и сјај на Холивуд без нарушување на приватноста и озборувањата на жолтиот печат.

4. Личен купувач

Модата е голема страст на многу жени. За оние кои се заљубени во модата ова е најубавата работа на светот. Личните купувачи се луѓе кои вообичаено работат за една личност и се задолжени за одржување на нивната гардероба. Оваа работна позиција е многу популарна кај познатите личности и моќните бизнисмени, но некогаш може да работат и за модните списанија. Ова е една од највисоко платената професија на листава, па затоа е уште попосакувана.

2-10-profesii-od-sonistata-koi-nikogas-ne-bi-pomislile-deka-postojat-kafepauza.mk

5. Гласовен актер

Слично како обичните актери, гласовните актери се оние кои ги позајмуваат своите гласови во синхронизираните ТВ серии и анимираните филмови. Иако звучи интересно цел ден да правите смешни гласови, не заборавајте дека никогаш не се појавувате на камера, па така можете дури да се појавите и во пижами и пак нема да биде важно. Гласовни актери заработуваат многу помалку од нивните познати колеги, но ова звучи доволно забавно за да би го правеле дури и бесплатно.

6. Дегустатор на чај

Овде вашата работа се состои од дегустација на нови чаеви секој ден. Од вас се очекува да пробате над 200 врсти чај и мора да бидете запознаени со сите видови кои постојат. Исто така, треба да патувате по светот за да испробувате и оценувате нови варијанти. Бесплатен чај и гратис одмор? Звучи како одлична комбинација.

3-10-profesii-od-sonistata-koi-nikogas-ne-bi-pomislile-deka-postojat-kafepauza.mk-001

7. Тестер на тобогани

Иако посакуваме да беше многу побарана работа на пазарот на трудот, за жал тестерот на тобогани е ретка професија. Себастијан Смит, наводно првиот тестер на тобогани бил вработен од страна на „First Choice holidays“ во 2013 за да патува по водените паркови насекаде низ светот и да ги оценува нивните тобогани и места за забава. Работа од соништата нели?

8. Нетфликс тагер

Ако никогаш досега не сте посакале да гледате телевизија и притоа да сте платени за тоа, тогаш мали се шансите да припаѓате на оваа планета. Работата на ваквите среќници се состои од тоа што гледаат содржини на Нетфликс и внесуваат зборови-тагови кои го опишуваат тоа што го гледаат. Нетфликс таговите им помагаат на гледачите да го најдат тоа што најмногу им одговара. Што значи ве плаќаат за да гледате телевизија, а сепак да го направите светот подобро место за живеење.

4-10-profesii-od-sonistata-koi-nikogas-ne-bi-pomislile-deka-postojat-kafepauza.mk

9. Професионален прегрнувач

Ако вашата животна желба е да лежите, а сепак да заработувате пари, тогаш сигурно ќе се пронајдете во оваа професија. Идејата потекнува од Јапонија, бидејќи спиењето во Јапонија е показател на работлив и уморен човек. Па така, за еден час луѓето можат да легнат и да се одморат до професионалниот прегрнувач чии прегратки сигурно ќе го одморат клиентот.

10. Професионален спијач

Слично како професионалниот гушкач, ова е совршено работно место за оние кои обожуваат да се излежуваат. Ваквата работа најчесто се состои од научни истражувања за НАСА. Сепак, професионалните спијачи ја имаат најсовршената работа на светот. Не само што уживате секој ден во вашите удобни пижами, туку и покрај оваа професија сите останати изгледаат како премногу напорни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар