10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина
Многу земји во светот моментално се справуваат со економската криза и порастот на невработеноста. Токму затоа во САД е направено едно истражување, за тоа кои професии во иднина ќе бидат најплатени. Следуваат 10-те професии кои ќе бидат најплатени и со најголем раст во нареднава деценија.1. Оптичари – според сите предвидувања, потребата од специјалисти за вид до 2020 година ќе порасне за 33%.
2. Професионални терапевти – во наредните години потребата од терапевти кои секојдневно ќе треба да им помагаат на некои повредени лица драстично ќе се зголеми. Се проценува дека до 2020 година ќе се појават уште 142.200 нови терапевти.
3. Ветеринари – поради зголемениот број домашни миленичиња, во наредниве неколку години, бројот на професионални ветеринари ќе се зголеми за 36%.
4. Медицински специјалисти – до 2020 година бројот на медицински специјалисти ќе порасне за 136.000 поради зголемувањето на возрасната граница на пациентите и потребата од лекови на рецепт.
5. Специјалисти за слух – се предвидува дека до 2020 година бројот на специјалисти ќе порасне за 37%.
6. Забни техничари – бројот на забни техничари ќе порасне за околу 38%
7. Физикални терапевти – бројот на физикални терапевти ќе порасне за околу 39% поради големиот број стари лица на кои ќе им биде потребна нивната помош.
8. Аналитичари за истражување на пазарот и маркетинг стручњаци – до 2020 година ќе се појават уште 400.000 нови експерти од овие полиња.
9. Експерти за ултразвучно скенирање – се предвидува дека бројот на стручни лица ќе се зголеми за 44%.
10. Биомедицински техничари – до крајот на 2020 година бројот на стручни лица од биомедицината ќе се зголеми за 62%.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.