10 проблеми на девојките кои постојано носат црвен кармин
Црвениот кармин е одраз на елеганција и дамство и не секоја жена може (знае како) да го носи. Тој е предизвик сам по себе кој на многу жени им претставува најголема мака. Па, затоа одлучивме да направиме листа на проблемите со кои се соочуваат љубителките на оваа прекрасна боја.
1. Не можете да пиете без цевка – Добро, можете, но ќе завршите со избришан кармин, иако го нанесовте 10 минути претходно. Плус, чашата од која пиете ќе изгледа како сочен бакнеж од некоја стара баба. Добрата страна на пиењето со цевка? Секогаш знаете која е вашата чаша.
2. Не изгледате слатко додека јадете – Веројатно ќе завршите така што ќе се измачкате на устата, носот, брадата, а да не зборуваме за лебот.
3. Мажите мислат дека правите непристојни гестови кон нив – Кога го изведувате трикот за отстранување кармин од забите…
4. Да заспиете со црвен кармин значи дека ќе се разбудите со црвени точки на перницата – Сепак се перe, нели?
5. Најлоша идеја е да се бакнувате со некој додека носите црвен кармин – Нема теоретски шанси да ја убедите вашата пријателка дека не се бакнувавте со згодното момче. Доволен е само еден поглед во усните да знае дека лажете.
6. Мора да ги стругате усните секоја вечер – Ако постојано носите кармин со силна пигментација тој ќе ви ги исуши усните, а тоа води до пукање. Ако ова ви звучи познато, тогаш веројатно ги четкате усните секоја вечер.
7. Кога брзате не внимавате на линијата – Е добро де, поголема линија… големата работа. Ех да беше вака…
8. Сте го имале истиот разговор со пријателките, колешките, па дури и со жени кои не ги познавате – „Посакувам да можев и јас да носам.“ Ти: „Можеш.“ Тие: „Не, не би можела.“ Ти: „Верувај ми, треба само да го нанесеш. Боза.“
9. Не можете да носите мала чантичка за излегување затоа што во секое време ви требаат барем моливче, кармин и компактна пудра – А веројатно ви требаат и клучот, телефонот и паричникот.
10. Ако еден ден не го носите, луѓето мислат дека нешто не е во ред со вас – Ова е така затоа што луѓето се навикнати секогаш да ве гледаат носејќи го тој прекрасен кармин.