10 проблеми на девојките кои постојано носат балетанки
Точно е дека високите потпетици се прекрасни и ни ги прават нозете да ни изгледаат како вајани, но тука се и болката и непријатноста при нивното носење. Затоа, носиме балетанки, но испаѓа дека носењето рамни чевли исто така си има свои негативни страни. Еве со какви маки се соочува секоја девојка која ги носи.
1. Кога нивниот ѓон е скоро излижан и поради тоа постојано паѓаме во јавност. Никако не ни е јасно како станаа толку лизгави, а главната причина поради која носиме рамни чевли е за да не се плашиме од смртта носејќи високи потпетици. Очигледно сме згрешиле.
2. Кога ни се појавуваат плускавци на задниот дел од петицата… И тогаш се претвораме во жена која има по 10 фластери на секое стапало и кои паѓаат 10 минути откако ќе ги ставиме. Слатко, навистина слатко.
3. Кога имаме чудни исеченици на врвовите од прстите затоа што предниот дел од балетанките некако се трие од прстите. И не може да ставиме фластер затоа што се на незгодно место. Еднаш се обидовме да ставиме хартија и не успеа… план Б?!
4. Кога балетанките имаат собран ластик кој се трие од глуждовите. Во превод, носењето балетанки е синоним за постојано крвавење на нозете од сите страни.
5. Кога за многу кратко време почнуваат да мирисаат многу, многу лошо. Едно од најдобрите нешта кај балетанките е тоа што не ни се потребни чорапи за да ги носиме – што исто така значи дека мирисаат ужасно уште во првите 6 недели откако сме ги купиле. И тогаш треба да користиме разни спрејови за нозе и сл.
6. Кога мора да ставаме нов ѓон секој месец затоа што премногу ги носиме. Или ако сте купиле некој навистина евтин пар, секој месец да купувате нови – затоа што се направени од најлон, а сите знаеме дека не можеме да ставиме нов ѓон на пластична хартија.
7. Кога ќе се сопнеме и немаме изговор затоа што не носиме штикли. „Како тоа носеше балетанки, немаше ништо на патот, а ти сепак се сопна?“ Чудно, чудно…
8. Кога се чувствуваме како ниско, мрзеливо човече во толпа каде сите носат потпетици. И се лажеме со реченицата „Па барем мене ми е удобно“ одново и одново, иако стапалата ни се прекриени со фластери.
9. Поддршка на стапалото? Што е тоа? Зошто најголемиот дел од балетанките се буквално рамни кога нашите стапала не се? Дали некој воопшто внимава при изработката на овие чевли?!
10. Кога нашиот омилен пар е толку износен што не можеме да го носиме повеќе. „Кога ќе научам дека кога ќе купам пар чевли што знам дека премногу ќе ги сакам треба да купам уште 20 чифта за да ми траат цел живот?!“