10 проблеми кои можат да ги сфатат само девојките кои не знаат да флертуваат

10 проблеми кои можат да ги сфатат само девојките кои не знаат да флертуваат

Без разлика колку и да се трудите, вие едноставно секогаш го претворате флертот во непријатна ситуација и за вас и за момчето со кое зборувате. Па, токму затоа сигурни сме дека ќе се препознаете и во следниве 10 ситуации кои се едноставно неизбежни за сите оние девојки кои не се „талентирани“ за флерт со момците…

10 проблеми кои можат да ги сфатат само девојките кои не знаат да флертуваат

1. Вие се однесувате кон секое момче исто како и кон вашето другарче од маало во детството – Без разлика толку ве привлекува, вие едноставно правите нешта кои предизвикуваат тој да се почувствува како да разговара со своите машки пријатели.

2. Знаете само еден начин на флертување и познати сте поради него – Вие постојано се терате да флертувате на овој начин со цел да се чувствувате како нормално женско човечко суштество. Но, изгледа дека ова однесување никогаш не ви доаѓа природно.

3. Не сакате физички контакт – Вие ги избегнувате сите можни видови физички контакти. Особено кога треба да се прегрнете со момче, вам едноставно раката ви останува на неколку сантиметри над неговото тело.

4. Се чувствувате непријатно кога вашата пријателка флертува со момче во ваша близина – Вие не само што се чувствувате засрамено за себе, туку чувствувате срам и за неа и за момчето. Дури и покрај тоа што сте единствените кои не се чувствуваат добро во оваа равенка.

5. Кога слатко момче флертува со вас, вие гледате на тоа како судбина полоша од смртта – Сè додека тој ви се насмевнува и одржува интензивен контакт со очи, вие ги туркате пијалаците од маса или се сопнувате на прав пат и потоа мора да се скриете во некој тоалет бидејќи не можете да се соочите со ситуацијата.

6. Јазикот често знае да ви се сплетка додека флертувате – Доколку се најдете во ситуација каде што пробувате да флертувате со момчето кое ви се допаѓа, вие многу често изговарате неповрзани зборови и тотално несоодветни реченици кои во ниту еден случај не завршуваат со позитивен фидбек од него.

7. Дури и да успеете да флертувате, не го правите тоа правилно – Ако се случи чудо и успеете да составите една соодветна реченица пред типот кој ви се допаѓа, по некое време ќе почнете да се нервирате бидејќи не сте направиле нешто повеќе.

8. Не знаете како да прифатите флерт – Не дај Боже момчето кое ви се допаѓа да започне разговор со вас, бидејќи вие целиот пекол ќе го пуштите врз кутриот тој. Нападот е најдобрата одбрана, се согласувате?

9. Вашите родители постојано се грижат за вас – Вашите родители се премногу загрижени за фактот што воопшто не сте привлечни за спротивниот пол.

10. Да, вие сте многу лоши за флертување – Но, тоа е сосема во ред. Сè што треба да направите е да најдете момче на кое ќе му се допаѓате дури и покрај оваа ваша мала маана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар