10 приказни за славни ѕвезди и милионери кои ќе ви докажат дека никогаш не треба да се откажувате - Part 2

10 приказни за славни ѕвезди и милионери кои ќе ви докажат дека никогаш не треба да се откажувате

6. Ана Винтур

(6)10-prikazni-koi-kje-vi-dokazhat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhuvate-kafepauza.mk

По само половина година работење, Ана Винтур била отпуштена од списанието Harper’s Bazaar бидејќи имала несогласувања со уредникот. Главната уредничка на Vogue верува дека токму ова ја охрабрило да постигне повеќе. Ана смета дека ако сте сигурни за нешто, или не се согласувате за нешто, вреди да го одбраните своето мислење бидејќи уникатните идеи секогаш се ценат на работното место.

7. Хауард Шулц

(7)10-prikazni-koi-kje-vi-dokazhat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhuvate-kafepauza.mk

Шулц си дал оставка од Starbucks која во тоа време продавала зрна кафе. Причината за ова било тоа што неговата идеја да се направи синџир од кафетерии не била прифатена од другите. Тој сонувал за тоа да создаде нешто посебно, комбинирајќи квалитетно кафе и удобна атмосфера која ќе ги натера посетителите постојано да се враќаат. 2 години подоцна, Шулц го купил Starbucks и го прославил во САД, а денес брендот е познат низ целиот свет.

8. Стен Смит

(8)10-prikazni-koi-kje-vi-dokazhat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhuvate-kafepauza.mk

На почетокот на неговата кариера, Стенли Роџер Смит, професионален тенисер, бил одбиен од организаторите на Дејвис купот. Причината била тоа што тој бил неорганизиран, му се одвлекувало вниманието и не му дозволиле да биде момчето кое ги собирало топчињата на тенисерите. Но, Стен верувал дека тенисот е неговиот повик. Тој продолжил да се бори и денес држи 8 купа со кои докажува дека бил потценет.

9. Ник Вудман

(9)10-prikazni-koi-kje-vi-dokazhat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhuvate-kafepauza.mk

Откако дипломирал, Ник ја основал Funbug, платформа за игри која и покрај својот успех брзо банкротирала. За да заздрави од овој неуспех, Ник отишол во Австралија на сурфање со своите пријатели. Додека ги гледал професионалните сурфери, тој ја добил идејата за малата акциона камера GoPro која го направи милијардер. Ник е сигурен дека ако не се случел неуспехот со Funbug, тој никогаш немало да го претвори своето хоби во работа.

10. Соичиро Хонда

(10)10-prikazni-koi-kje-vi-dokazhat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhuvate-kafepauza.mk

Соичиро пораснал во многу сиромашно семејство и морал да му помага на татко си уште од детството. Тој не продолжил со учење откако завршил средно училиште, туку работел како механичар. Тој инсталирал стари мотори на велосипеди и сонувал дека еден ден ќе направи свој мотоцикл од скапи материјали. Соништата се остваруваат кога се трудите доволно. По некое време Соичиро успеал да ја отвори Хонда, која денес произведува некои од најдобрите мотоцикли во светот.

Дали ги имате слушнато новите правила за професионален успех?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар