10 приказни за славни ѕвезди и милионери кои ќе ви докажат дека никогаш не треба да се откажувате
Понекогаш проблемите и неуспесите се акумулираат, па во тие моменти може да се почувствувате очајно и да мислите дека нема потреба да продолжите натаму. Но, овие вистински приказни од животите на неколку познати личности ќе ви докажат дека секогаш треба да го следите својот сон, без разлика колку ви е тешко.
1. Вуди Ален
Добитникот на 4 Оскари, режисерот Вуди Ален, бил избркан од Универзитетот во Њујорк бидејќи не успеал да положи неколку испити од кинематографија. Но тој воопшто не се разочарал. Учењето на универзитетот му било здодевно и тој успеал на друг начин да го оствари својот сон.
2. Урсула Брнс
Урсула ја почнала својата пракса во американската компанија Xerox веднаш откако ја добила својата диплома од Универзитетот за инженерство во Њујорк. Компанијата ја забележала нејзината амбиција и веднаш ја вработиле како асистент. До 32-та година таа не добила никакво унапредување. Но нејзината упорност се исплатила 10 години подоцна. Прво, Урсула била унапредена во заменик претседател за глобално производство, а денес е претседател на фирмата.
3. Габриел Исус
Во 2014 година, Габриел, фудбалер од познатиот клуб Манчестер Сити, цртал ознаки на улиците со цел да заработи пари. Тогаш го гледал својот омилен тим како игра, и решил дека и тој ќе игра за својата држава. И успеал во тоа! Денес Габриел заработува и до 80.000 долари неделно и е играч кој ветува многу.
4. Харланд Сандерс
Првиот ресторан на Сандерс не можел да се соочи со конкуренцијата и банкротирал. Кога имал 65 години, Харланд почнал да патува низ САД и да го продава својот рецепт за пилешко по рестораните. Тој бил одбиен точно 1.008 пати. Но, не се откажал и верувал во својот рецепт. Благодарение на неговата упорност, денес KFC е еден од најпознатите синџири на ресторани за брза храна.
5. Елон Маск
Овој милијардер речиси ја банкротирал PayPal. Поради ова тој бил отпуштен од фирмата и тоа додека бил на пат за време на одмор. 16 години подоцна тој успеал да го купи доменот X.com кој претходно му припаѓал нему и бил основата за креирањето на PayPal, и тоа за 5 милиони долари. Неговиот пример покажува дека неуспесите се случуваат за да можеме да постигнеме повеќе.
Продолжува на следната страница…