10 причини зошто треба да го сакате декември
Со декември официјално започнува зимската сезона. Тој е последниот месец од годината, каде што најчесто се оставаат старите навики и секој се подготвува за нов почеток. Празниците веќе се наближуваат, а декември е одличен месец за нивно планирање. Погледнете зошто тој е еден од најубавите месеци и зошто не можете да не го сакате.
1. Подготовка за празниците
Декември е месец кога секој се подготвува за претстојните празници. Ова е време за украсување на домот, за поминување време со семејството и за шопинг. Декември е месец за повторни средби и собирања.
2. Топли пијалаци
Топлите пијалаци се одлични за да се загреете во студениот декември. Пиењето кафе, чај или топло чоколадо додека седите во вашиот дом нуди големо задоволство!
3. Мирис
Декември има посебен мирис. Тој мириса на цимет, на борови дрвја, на свежо печени колачиња. Кој би можел да им одолее?
4. Зимска облека
Летото е дефинитивно посакувана сезона, но за време на зимските месеци вие конечно можете да ги носите палтата и елегантните марами што потајно чекавте да ги носите. Чевли, панталони, јакни, капи и ракавици – имате многу можности за да останете во мода, сѐ што ви треба е малку креативност!
5. Пријатна атмосфера
Не само што ќе имате шанса да внесувате повеќе калории, туку исто така декември е изговор за да бидете малку помрзливи. Сонцето заоѓа порано, па затоа и вие порано се враќате дома, уживајќи во топлата атмосфера со вашите најмили.
6. Гледање телевизија
Не секој има партнер со кој може да ужива во зимските денови. Но, тука е телевизијата да ги утеши сите сингл личности. Интересни документарни филмови, ТВ емисии или нешто сосема друго што никогаш не сте имале време да го гледате во текот на годината – изборот е ваш!
7. Време за планирање на одморите
Празниците веќе се наближуваат, па време е да испланирате каде ќе го поминете зимскиот одмор. Без разлика дали е тоа посетата на семејството или подалечните пријатели, ова време е одлично за повторни средби.
8. Снег
Декември знае да изненади со снежни денови. Зар не е прекрасно да ја гледате надворешната убавина од својот дом, во своето ќебе, пиејќи го омилениот пијалак?
9. Новогодишна и божиќна програма
Телевизиските програми во декември вклучуваат многу новогодишни и божиќни емисии и филмови, што е уште една причина зошто би требало да останете дома во овие студени денови. Различните филмови со Дедо Мраз, снег и забава се одличен начин да го подобрите вашето расположение.
10. Обнова
Декември е последниот месец од годината, а со тоа и време за прекинување на старите навики и планирање нови. Ова е месец за размислување и подготовка. Декември прави да се потсетите на многу работи од изминатата година и да направите некои промени во годината што доаѓа. Планирајте ги вашите цели за 2017-та и размислете што е она што би сакале да го оставите зад себе во 2016-та година.