10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Многу истражувачи, професионалци и аматери, веруваат дека ние не сме првата напредна цивилизација што постоела на Земјата. Покрај тоа тие тврдат дека во праисторијата, делот од историјата пред да постои писмото, постојат барем мали шанси дека живееле 1-2 понапредни цивилизации. Иако ова звучи налудничаво за повеќето, кога добро ќе размислите, можеби и не е толку невозможно. Погледнете неколку причини зошто.

1. Електраните брзо би престанале со работа

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Замислете си дека се случило нешто што би убило мнозинство од населението на Земјата. Во овој случај голем проблем би била електричната енергија. Кога нема кој да управува со електраните, целата струја на Земјата би се исклучила за релативно брзо време. Повеќето електрани би се обиделе да ги избегнат катастрофите и би почнале процедури за безбедносен режим.

Но, со текот на времето ќе нема кој да ги надгледува овие процедури, па системите за ладење на нуклеарките би зовреле. Низ целата планета би имало настани како Чернобил.

2. Објекти направени од луѓе

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Повеќето објекти направени од луѓе што се состојат од дрво, пластика метал или што било освен камен, едноставно ќе исчезнат. Дури и патиштата и улиците би биле прикриени со вегетација за само неколку децении. Замислете како би изгледало сè после неколку векови.

За 10.000 години, сè што ќе остане ќе бидат градбите од камен, а ќе бидат препознатливи само оние нешта што биле изградени само од камен. Како и древните градби, и од нас би останале само камени структури што археолозите во иднина ќе се обидат да ги реконструираат.

3. Ќе преживее само каменот

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Сте се запрашале ли зошто сите градби и споменици од древниот свет се направени од камен? Како што спомнавме претходно, само структурите од камен би го преживеале тестот на времето, исто како пирамидите во Египет. Па замислете колку други градби и споменици постоеле направени од други материјали.

4. Митови и легенди

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Иако легендите и митовите не се доказ, дали можеби треба да им обрнеме повеќе внимание? На пример, дали навистина имало голема поплава како во Библијата, макар и само на едно место? Во овој случај лесно би можела да биде избришана цела една цивилизација. Исто така, што е со приказните за боговите со напредна технологија кои владееле со човештвото? Дали се ова само легенди?

Размислете за можноста за луѓе кои преживеале ваков „крај на светот“. Што ако боговите од минатото се луѓе кои преживеале од уште постара и понапредна цивилизација? Можеби ова ќе ја објасни нивната божествена моќ.

5. Древен Египет

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Ако ги проучувате древните Египќани ќе забележите дека изгледа како да ја започнале нивната цивилизација кога биле најмоќни, а потоа почнало постојаното слабеење. Според некои истражувачи, Египќаните ги „презеле“ остатоците од некоја изгубена цивилизација. Од овие теории произлегуваат тврдењата дека древните структури, како пирамидата во Гиза, е поверојатно да се дела на постари цивилизации отколку на самите Египќани.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар