10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

Нарцисите и психопатите се личности кои имаат голема манипулативна моќ, но и неверојатна способност да создаваат хаос каде и да се појават и притоа да ве убедат дека ви се пријатели и дека се грижат за вас. Тие, исто така, се и одлично способни да ги кријат овие карактеристики, па тешко е да ги забележите на прв поглед и најчесто на видик излегуваат кога е предоцна. Иако не прават никакво насилство и криминал, тие нема да размислат два пати пред да повредат некого и да го уништат психички. Ова се причините поради кои е тешко да ги забележите:

10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

1. Тие не се Џек Мевосек

Иако филмовите нè научија дека секој психопат е сместен во затвор или во лудница, во реалноста воопшто не мора да значи дека ќе биде криминалец или убиец. Понекогаш, за да констатираме дали некој е психопат или не, во него бараме видливи знаци на лошо однесување, но тие навистина можат да бидат волци во јагнешка кожа.

2. Нивната општествена позиција не кажува ништо за нив

Многупати сме чуле или сме прочитале дека некоја почитувана личност во своето опкружување всушност е насилник, убиец и силувач. Професионалниот ангажман често знае да излаже во впечатокот кој го добиваме за некоја личност. Така, доколку некој е воспитувач во градинка, веднаш помислуваме дека е добра личност затоа што работи со деца, но ситуацијата може да е сосема спротивна.

3. Способни се за сочувство и емпатија

Лажна или вистинска, без разлика, овие луѓе можат да бидат тука за вас кога ви е тешко. Она што ги прави различни од оние кои не се психопати е што тие самите можат да иницираат да бидат емпатични кога тоа е потребно, особено ако треба да ја придобијат вашата доверба или да бараат подоцна услуга од вас. Тие веќе имаат научено како да имитираат однесување кое е соодветно на ситуацијата, но зад тоа нема ништо реално.

10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

4. Можат да бидат исклучително шармантни

Кога е потребно некого да придобијат, можат да бидат најшармантните личности на светот и со тоа да ве врзат покрај себе. Но, крајната цел е манипулација и извлекување лична корист од секоја ситуација. Затоа, не потпаѓајте кон нечија претерана љубезност и присутност.

5. Прават лични истражувања со вас

Тие ќе ве уверат дека средбата со нив била судбина, но во реалноста сè е однапред испланирано и многу е веројатно дека одамна сте им биле цел. Кога ќе влезете во око на ваква личност, таа ќе се обиде да дознае што повеќе за вас и тоа да го искористи за да го отвори патот кон вас.

6. Нагласуваат колку им значите

Кој не би сакал да чуе дека му е важен на некој друг? Секако, тие многу добро го знаат тој дел од човечката личност и им оди во прилог да ви кажуваат колку сте важни за нив. За жал, подоцна можете да бидете извисени, повредени и напуштени од ваквата личност и најлошо, вината за тоа да ја барате во себе. Ќе ве опсипат со изјави на љубов и поврзаност за кога ќе згрешат, да го игнорирате фактот дека всушност се работи за лоша личност.

10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

7. Не е секогаш лошо

Дури и во најлошите меѓучовечки односи, наоѓаме нешто добро и во тоа и ја основаме причината зошто да останеме во односот во кој сме. Кај некои дури и постои хемиска поврзаност со таа личност, што резултира со впечаток дека заеднички поминатата траума е доволен доказ дека имате вистински човек покрај себе. Исто, очекувано, кога е најлошо, ќе бидете убедени дека вината е кај вас.

8. Располагаат со трогателни приказни

Кога ќе запознаете нарцис со тенденција за психопат, прво за нив ќе ја дознаете трогателната и трагичната приказна, со која од вас ќе изнудат емпатија и доверба. Ќе откриете многу за нивното тажно минато, за проблемите во семејството и за претходните неуспешни врски. Слушајте внимателно, бидејќи ако забележите дека секогаш другите се виновни за тоа што им се случило, си имате работа со нарцис.

9. Бараат емпатични луѓе

Секако, не можат да се „закачат“ за некој сличен на нив, па секогаш се во потрага по некој кој има повисока емоционална интелигенција. Но, многу е веројатно дека ќе ја искористат таа наклонетост за да добијат што сакаат, по цена на тоа да ја повредат другата личност и воопшто да не се грижат за нејзините чувства.

10. Создаваат лажна реалност

Благодарение на манипулативните способности, тие ќе создадат свет и ќе ве убедат дека е реален. Овие личности умеат да ги уништат вашите перцепции и да ве наведат дека само нив можете да им верувате. Се вплеткуваат во лаги и манипулации, но секогаш ќе ве уверуваат дека тоа го прават за ваше добро. Често, од ваквите личности можете да бидете сериозно изгорени и оштетени.

Доколку уште не сте сигурни, прочитајте ги и овие знаци по кои може да откриете дали разговарате со психопат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар